„Ах, кога пак би бил дете: Би правел шатори, би лепел сликички во албуми, би си играл криенка и џамлии“

Понекогаш замислувам како со отворање на очите ќе се најдам сред криенка. Некои од нив знаеја добро да се кријат, се пентереа насекаде, но останатите беа лесна мета за откривање со исклучок на ситната Ангела која можеше да се пикне и во глувчешка дупка. Кои спомени веднаш ме враќаат во детството и би сакал повторно да ги проживеам?

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 2

Понекогаш ме фаќа носталгија за детството. Да бидам попрецизен тоа некогаш не е толку ретко. Како одминуваат годините толку поривот во мене по тој детски период расте. Не верувам дека сум единствен, знам дека многумина од нас поминуваат низ истото.

Ноќните часови, негде пред легнување, најчесто знаат да го отворат тој куфер од спомени и барем на кратко да ѕирнам во тие детски мигови по кои тежнеам и ден-денес.

Понекогаш замислувам како со отворање на очите ќе се најдам сред криенка, каде треба што е можно побргу да ги откријам маалските деца.

Некои од нив знаеја добро да се кријат – такви беа Владо и Марко. Се пентереа насекаде, но останатите беа лесна мета за откривање со исклучок на ситната Ангела која можеше да се пикне и во глувчешка дупка.

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 10

Тука се и останатите игри! Играње на џамлии и нивно пребројување за да видиме кој има најмногу во својата колекција и барање на најуникатната.

Оние шарените ги сакавме најмногу!

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 3

Без исклучок, кога и да го видев шаторот што го чував во подрумот ми навираа спомените како на најжешкото време правевме шатори во маалото.

Тоа беа големи, за неколку души!

Натрупани со секакви дреболии за да ни го разбуди чувството на дом.

Алек секогаш ја носеше врамената слика од Јосип Броз Тито, чиј дедо постојано ни раскажуваше приказни за времето на Југославија.

Јас носев 4 мали столчиња и маса, сè додека буцкастиот Атанас не скрши две од нив и тоа во ист ден. 

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 9

Друго нешто што посебно ме радуваше во тој период беше собирање на албуми со самолепливи сликички.

Од Паркот Јура, Покахонтас, Дигимон, Драгонбол, Животинско царство и уште многу други на кои сега не можам да се сетам.

Некои од нив сè уште ги чувам дома, па можам подобро да го почувствувам тој миг на лепење на нови сликички и менување на дупликат.

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 5

Летните распусти најчесто ни беа предвидени за читање на школски лектири, но во текот на цела година ги читав стриповите за Загор и неговиот помошник Чико. Нов број излегуваше на една или две недели, и тоа беше голема радост.

Сите обврски ги оставав на страна, се сместував во најудобното катче во мојата соба и буквално тонев во светот на Загор. Сакав приказните да траат бесконечно, па затоа сите стрипови ги читав по неколкупати.

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 8

Тамагочи или во превод дигитален домашен миленик беше хит занимација еден период. Јас дома имав два.

Еден Мики Маус, а друг беше со 52 различни животни. Не знам зошто, но обожавав да се грижам за панда која ја именував како Пан.

Секогаш беше најадена, затоа што ја хранев со бургери.

BeFunky collage

Покрај тоа што имав дома секакви играчки, а и често добив на подарок од тетките, имав навика кога ќе најдам интересна илустрација во списанија или книги да ја исечам. Ја лепев на картон за да не може да се оштети лесно и се играв како да е вистинска играчка.

Гледав на нив како на вистински суштества, а кога имагинацијата ми беше пуштена „на најсилно“ тогаш цртав свои ликови и јас бев нивниот креатор.

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 7

Сега не знам дали некој лепи постери во соба, ама тогаш постерите беа присутни во секоја детска соба.

На ѕидовите од мојата соба немаше празен простор. Постерите ги собирав од списанијата кои ги купував во трафики или на школо.

Имаше едно списание во кое излегуваа постери во четири дела – и требаше да го купуваме списанието секоја недела, за по еден месец да се комплетира целиот.

Омилени ми беа постерите од Спајдермен, кој тогаш го глумеше Тоби Магвајер и постерот од првиот дел на Господар на прстените.

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 6

Некаде мора да ставам точка. Доста е за сега, ако уште се распишувам ќе ве направам ептен носталгични. Знам дека не сум единствен што сака повторно да ги проживее овие моменти, па за оние кои имаат заборавено голем дел од детството овој текст нека биде мал потсетник и освежувач на спомени.

pravevme satori lepevme albumi so slikicki citavme stripovi momenti od detstvoto koi povtorno sakam da gi proziveam 11

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Автор: Е. Х. | Црнобело /фото: pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg