Дел од омилените парови меѓу македонските актери – вљубени и приватно и на сцената

Љубов и приватно, но и на театарската сцена. Кои македонски актерки биле и сѐ уште се во брак со свој колега? Никоја нема да ја заборави љубовта на Шенка и Ѓорѓи Колозови, зарем не?

parovi-megu-makedonskite-akteri-partneri-i-privatno-i-na-scena-01.jpg

Има многу парови меѓу познатите личности на македонската естрада, но многу ретко меѓу актерите.

Освен сцената, тие го делат и домот и семејството.

Некои од нив прерано ги изгубија своите партнери, а некои и денес со заеднички сили чекорат низ животот.

Дел од омилените парови на македонската актерска сцена:

Силвија и Ненад Стојановски

Ненад беше најголемиот фраер меѓу актерите и немаше девојка која не остануваше со подзината уста пред неговата појава.

Клучот на неговото срце го имаше само Силвија.

Заедно со Силвија ја делеше сцената во една од најдобрите македонски претстави „Грев или шприцер“, каде Ненад ја имаше главната улога.

Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Ана и Јана. И двете тргнаа по нивните стапки и се извонредни актерки. 

И двете неверојатно многу потсетуваат на Ненад, кој во 1998 година на 46-годишна возраст прерано го напушти овој свет.

Улогите во „Диво месо“, „Среќна Нова 49“, “Трст виа Скопје“, „Бушавата азбука“ се само мал дел од улогите по кои ќе го паметиме.

parovi-megu-makedonskite-akteri-partneri-i-privatno-i-na-scena-02.jpg

Шенка и Ѓорги Колозови

Македонските цар и царица, доајените на македонското глумиште, Колозови оставија траен белег во меморијата на македонската публика.

Многу генерации израснаа со нивните улоги во Македонските народни приказни. Од нив научивме дека доброто со добро се враќа и дека добриот збор и железни порти отвора.

Ѓорги и Шенка ги имаат ќерките Кристина и Катерина, кои, за жал, не се занимаваат со глума како нивните родители, но се доста успешни во своите професии.

Кога ќе си замине некоја важна личност од нашето детство, како да заминува дел од нас.

Ѓорѓи почина во 2003 година, на 55 години.

Шенка денес, пензиоерските денови ги поминува во својата куќа во охридското село Велестово.

parovi-megu-makedonskite-akteri-partneri-i-privatno-i-na-scena-03.jpg

Тања Кочовска и Предраг Павловски

Тања и Предраг се вистински пример за помладите генерации како се негува љубовта и бракот.

Иако, како што многупати Тања има кажано во своите интервјуа, сѐ започнало на шега, оваа година тие прославија 28 години брак.

Во нивното семејство вели сите функционираат како најдобри пријатели и сите проблеми ги решаваат со долги разговори.

Круна на нивната љубов им е ќерката Нела, која исто така е актерка, а Тања го има и синот Александар од бракот со покојниот актер Владимир Ендровски-Љац.

parovi-megu-makedonskite-akteri-partneri-i-privatno-i-na-scena-04.jpg

Маја и Зоран Љуткови

Веќе 16 години мирно пловат низ брачните води, а многупати ја делеле и сцената.

Се запознале кога тој почнал да ја гради кариерата, а Маја ги почнувала своите студии.

Главните улоги во домашната претстава ги имаат нивните ќерки Галена и Сирма.

parovi-megu-makedonskite-akteri-partneri-i-privatno-i-na-scena-05.jpg

Емра Куртишова и Петар Стојанов

Помошничката Исаура од серијата „Преспав“ летово стапи во брак со својот колега од Театарот за деца и младенци во Скопје, Петар Стојанов.

Три години успешно ја криеја нивната врска, а публиката дозна за нивната љубов преку фотографиите од свадбената веселба, кои и двајцата ги споделија на социјалните мрежи.

На нив се гледа дека парот навистина одлично се забавувал на својата свадба, а исто така и гостите.

parovi-megu-makedonskite-akteri-partneri-i-privatno-i-na-scena-06.jpg

С. Ш. |Црнобело / фото: Фејсбук 

Би можело да ве интересира:

Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg