Се омажи Исаура од „Преспав“ и објави ретка фотографија со сопругот
- Детали
- петок, 09 јуни 2023
„Мој си е, си го земав“, напиша актерката Емра Куртишова и објави фотографија од свадбата со актерот Петар Стојанов. Ова е една од ретките фотки од сопругот што Емра ги споделува на Инстаграм.
Актерката Емра Куртишова, позната како Исаура од хит серијата „Преспав“, се омажи за актерот Петар Стојанов. Таа објави фотка од свадбата, што е прва нивна заедничка фотографија што стои на нејзиниот профил.
„Мој си е, си го земав“, напиша таа, па доби бројни честитки од колегите, пријателите и нејзините следбеници на Инстаграм.
Петар и Емра се свршија во декември 2022 година, по три години врска. Петар тогаш ја запроси Емра на нејзиниот роденден.
Двајцата се актери во Театар за деца и младинци, каде што се запознале.
фото: Инстаграм Стори
Емра, која стана еден од омилените ликови во серијата „Преспав“, глумејќи ја Исаура, ретко споделува фотки на социјалните мрежи и скоро никогаш не објавува што било поврзано со приватниот живот.
Затоа, многумина беа изненадени кога пред 6 месеци објави дека се свршила, а и сега кога откри дека со Петар се венчале.
фото: Инстаграм Стори
Повеќе фотки од актерката:
Прочитајте и Исаура од „Преспав“ го слави 36-иот роденден + 7 причини зошто ја обожаваме
А. Ј. | Црнобело