Емра Куртишова на плажа во Грција со сопругот, по крштевката на ќерката
- Детали
- вторник, 20 август 2024
„Животот е убав“, напиша Емра Куртишова и сподели неколку фотки од плажа на Инстаграм.
Актерскиот пар Емра Куртишова и Петар Стојанов, помина неколку дена на одмор во Грција.
Актерката објави фотки од плажа во Неа Ираклија и популарната плажа Сахара, на која ужива со сопругот и напиша дека конечно се на море.
И на плажа Емра е со стил, па таа комбинираше наметка со леопард принт и сламен шешир, со големи очила и впечатлив накит.
„Животот е убав“, напиша таа на фотките што ги сподели на Инстаграм.
Емра и Петар заминаа во Грција само неколку дена откако ѝ направија крштевка на ќерката Лена, но не открија дали и таа е со нив.
По крштевката, на која присуствуваа само најблиските, тие организираа и прослава во ресторан, а ја завршија со интересна розова торта на која беше испишано името на Лена и колачиња, на кои, исто така, стоеше нејзиното име.
Прочитајте и Емра Куртишова направи крштевка за ќерката - Розова торта и шарени колачиња за Лена
А. Ј. | Црнобело