Аделина Тахири на одмор со сопругот на грчки остров – Денски на забава на плажа, ноќе во најпопуларниот бар
- Детали
- петок, 16 август 2024
„Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина Тахири до фотографиите на Инстаграм на кои позира со сопругот Серјожа Марков, на островот Парос во Грција.
И ова лето, како и изминатите, се чини дека пејачката Аделина Тахири го искористи за да ужива покрај море, на плажа и со најблиските.
Таа во јуни беше на одмор со синот Јон и сестра ѝ Диана, а на некои од последните објави на кои позира во бикини, самата напиша: „пливај, сончај се и повтори“.
Сега, Аделина е на одмор со сопругот, адвокатот Серјожа Марков, на еден од најубавите грчки острови Парос, а оттаму на Инстаграм Стори објави неколку видеа од забавата на која присуствувале во текот на денот.
Парот имал можност да се забавува во клубот Cabana Paros кој е препознатлив по дневните забави со диџеи.
Аделина и Серјожа лудо се забавувале на плажа, со коктели, а вечерта ја поминале во познатиот ноќен бар Linardo, кој се наоѓа покрај плажа и е познат по големиот број тематски забави.
„Мали моменти, големи спомени“ – напиша Аделина до фотките објавени на Инстаграм.
Додека преку ден пејачката позира во бикини со животински принт, за вечерното излегување таа носеше црн фустан од ZARA, кој го надополни со најпопуларните папучи за ова лето на брендот Hermès.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Прочитајте и Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии?
Б. С. Б. | Црнобело