Аделина Тахири со сестра ѝ Диана (17) и синот на одмор во Египет: „Мојот живот во една слика“
- Детали
- вторник, 11 јуни 2024
По Дубаи, Аделина ужива на брегот на Црвеното Море во Египет. Овојпат друштво ѝ прави сестра ѝ Диана, со која наликуваат на близначки, но со нив е и синот Јон.
Откако во април годинава беше на семејно патување во Дубаи со сопругот, пејачката Аделина Тахири сега со сестра ѝ и со синот замина на одмор во Египет, од каде објави повеќе фотки и видеа.
Во костими за капење со животински принт, проѕирни пантолони и шапки, Аделина и нејзината 17-годишна сестра Диана наликуваат на близначки и на прв поглед никој не би можел да забележи дека меѓу нив постои 16-годишна генерациска разлика.
Во видеата објавени на Инстаграм Стори, Аделина покажа како изгледа ресортот каде што престојуваат во Хургада, Египет.
Двете сестри имале можност да уживаат на плажата на која има природна сенка, а во близина се гледаат водите на Црвеното Море.
Таа сподели и една фотка на која е заедно со синот, а на неа напиша:
„Мојот живот во една слика“
Погледнете повеќе фотки од одморот на Аделина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело