Емра Куртишова направи крштевка за ќерката - Розова торта и шарени колачиња за Лена
- Детали
- недела, 11 август 2024
„Среќно крштевање Лени наша“, напиша Емра на Инстаграм и сподели неколку фотки со своите пријатели.
Актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов, направија крштевка за нивната ќерка.
„Среќно крштевање Лени наша“, напиша Емра на Инстаграм и сподели неколку фотки.
За крштевката малата Лена беше облечена во бело, а Емра носеше сиви панталони и елек без ракави во истата боја.
Петар,пак, избра покежуал стил - фармерки и кошула.
По крштевката, парот ја продолжи прославата во ресторан, каде што за Лена имаа розова торта, чиј врв е украсен со мече со ангелски крилја и колачи во бела и розова боја, на кои е испишано нејзиното име.
За потсетување, Лена се роди во октомври 2023 и за неколку месеци ќе полни 1 година.
А. Ј. | Црнобело