Кога ќе го сведеш својот универзум на неколку луѓе... самотијата не е осаменост
Кога самотијата не ти е осаменост, туку потреба за баланс, тогаш и најголемите турбуленции најлесно се поднесуваат...
Кога ќе го сведеш својот универзум на неколку луѓе,
кога својата среќа и внатрешен мир ќе ги најдеш во тој простор,
кога за полно срце и мирен сон
ти е доволно да знаеш дека сè во твојот универзум е добро,
кога најдобар показател за тоа како и каде да одиш понатаму
ти е внатрешниот глас,
кога си самиот на себе најдобар пријател,
кога самотијата не ти е осаменост, туку потреба за баланс,
тогаш и најголемите турбуленции најлесно се поднесуваат.
Затоа што знаеш кои се твоите граници и кои се твоите битки.
Знаеш што имаш и што чуваш.
А тоа не е малку, тоа е цел еден универзум.