Македонците за CRNOBELO откриваат: „Кое е најглупавото прашање што ви го поставиле на прв состанок?“

Првиот љубовен состанок многу често е чуден – чувствуваме напнатост, не знаеме дали ќе „кликнеме“ со тој што ќе излеземе, се прашуваме за што ќе разговараме и дали ќе ни тргне муабетот или ќе има непријатна тишина. А тука се и чудните прашања кои многумина ги добиваат, па, збунето гледаат и не знаат како да одговорат или како да се однесуваат во тој момент.

makedoncite-za-crnobelo-otkrivaat-koe-e-najglupavoto-prashanje-shto-vi-go-postavile-na-prv-sostanok-01.jpg

Дали сте добиле и вие некое глупаво или чудно прашање на првиот состанок со некој?

Преку анкета на Инстаграм ги прашавме Македонците кое е најглупавото прашање што им го поставил некој додека биле на прв љубовен состанок.

Во продолжение прочитајте што ни одговорија:

1. Ме гледаше во очи и ме праша: „А каква боја ти се очите?“

2. Дали ти се вистински забите?

3. Колку години си во брак?

4. Дали имаш европски пасош?

5. Со што се занимаваат твоите?

6. Ме прашуваа: „А живееш во населбата или во селото Драчево?“ Потоа, тонот им се менуваше кога ќе кажев дека живеам во куќа со 3 ката и голем двор.

7. Како толку убава девојка, а сингл?

8. Најчудно прашање, иако не беше на прв состанок ми било: „Со што се греете дома?“ Денес сум среќно мажена со него.

9. Со колкумина си била досега?

10. Колкава ти е платата?

11. А ти колку книги читаш месечно?

A. J. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...
Елена Ристеска за CRNOBELO лексикон: „Љубовта на моите родители ми е пример како да се одржува однос... „Како дете двапати без повод бев нападната, меѓутоа толку многу ги тепав што на ...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Некогаш на учителките им носевме каранфили, денес ваучери за шопинг: Дали претеруваме за 8 Март? „Се сеќавам, кога бев во основноо, немаше натпревар кој ќе ѝ купи поубав или пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg