Топ листи
Печени јаболки во лиснато тесто, полнети со ореви
-->
Кога ќе споите јаболки, цимет и ореви, добивате совршен есенски вкус и мирис.
Јаболката се вистински есенски деликатес, а освен свежи, можете да ги конзумирате на многу различни начини.
-->
Еден од нив е во вид на сочен десерт - полнето јаболко со ореви, со додаток од цимет и ореви, и сладолед за совршен вкус.
Потребни состојки:
- 2 големи јаболка
- 250g лиснато тесто
- 2 лажици путер
- 1 лажица кафеав шеќер
- ½ ќесичка цимет
- 1 лажица сечкани ореви
- 1 лажица суво грозје
- Прстофат сол
- 1 лажица сок од лимон
- 1 жолчка + 1 лажичка вода
- Сладолед од ванила
Начин на подготовка:
- Измијте ги јаболката и издлабете ја средината.
- Јадрото од јаболката препржете го на путер околу 6-7 минути.
- Во тавчето додадете кафеав шеќер, цимет, сол, сечкани ореви, суво грозје и сок од лимон, па пржете уште 3-4 минути.
- Распостелете го лиснатото тесто на работната маса и со чинија направете круг (како на видеото).
- Со нож направете резанки, па јаболката завиткајте ги во лиснато тесто.
- Внатре ставете го филот.
- Тестото премачкајте ги со изматена жолчка и 1 лажичка вода.
- Печете 25 минути на 180 степени.
- Печените јаболка посипете ги со цимет, одозгора ставете топка сладолед од ванила и декорирајте со ореви.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт
Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
-->