„Бев во Северна Кореја како турист – Ким Џонг Ун го гледаат како бог, не смеев сам да одам ни до тоалет“
Мајк открива дека во градовите што ги посетиле, насекаде имало владина пропаганда, како и дека забележал многу фарми додека се возеле низ неколку села.
„Бидејќи 80% од Северна Кореја е со планини, секое парче обработлива земја се користи за агрикултура.
Ни кажаа дека тие произведуваат што е можно повеќе храна, наместо да увезуваат.
Исто така, ни кажаа дека не користат хемиски ѓубрива, како и дека жителите го собираат својот измет за да се користи како органско ѓубриво“, открива јутјуберот.
Сепак, тој вели дека не видел никаква модерна опрема за обработување земја.
„Додека се возевме низ селата, видов едвај 20 луѓе. Нема многу луѓе, нема автомобили, видов едно, две такси возила во текот на целото патување“.
Јутјуберот цели дека иако нивниот туристички водич бил учтив и фин, тој постојано се чувствувал чудно.
„Атмосферата беше многу чудна и го очекував ова. Освен групата туристи со којашто сум дојден, овде нема никој друг. Чудно е.
Исто така, чудно ми е што не можам наутро да отидам на прошетка, или сам да отидам да јадам. Постојано сме со водичот, постојано нè гледаат“.
Мајк и туристите биле и во основно училиште каде што сретнале ученици кои учеле англиски.
И, учениците постојано го величале Ким Џонг Ун.
Имале можност да изгледаат и училишна приредба, а скоро секоја песна што ја пееле учениците била посветена на Ким Џонг Ун.
„Во текот на целото патување, сите покажуваа наклонетост кон Ким Џонг Ун.
Иако сум потполно свесен дека веројатно немаат избор бидејќи ако кажат нешто лошо за него ќе завршат во затвор, сфатив дека за нив Ким Џонг Ун е повеќе од лидер. За нив, тој е како бог“, вели јутјуберот.
Интересно е што кратко по патувањето на Мајк, Северна Кореја повторно вовела забрана за посета на туристи од „западот“ од непознати причини.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





