„На шега испратив СМС на непознат број во 1998 - девојката што ми одговори е љубовта на мојот живот“
- Детали
- петок, 31 јануари 2025
Пред 27 години Британец испратил СМС порака на број кој сосема случајно го измислил во моментот, но од другата страна добил порака која му го сменила животот - девојката што му одговорила денес му е сопруга и имаат две деца.
Донован Шерас го добил својот прв мобилен телефон како подарок за 18 роденден.
Од забава, тој почнал да измислува броеви и да им испраќа СМС пораки во кои пишувало само „Здраво“.
Една од овие пораки била судбинска, бидејќи на Донован му одговорила девојка со која неколку години подоцна се оженил.
Дон, како што го видаат пријателите е поранешен диџеј, а сега работи во областа на сајбер безбедноста.
Во разговор за Daily Mail, 45-годишниот маж ја раскажал својата неверојатна животна приказна.
„Кога го добив телефонот, си измислував броеви и им испраќав пораки. Им се фалев на другарите кои немаа мобилни дека ‘можам да си зборувам со други телефони’.
Броевите беа измислени, со тоа што ги користев првите пет цифри од мојот број, кои беа 07775, а последните три си ги избирав случајно.
Мислам дека испратив десетина пораки, но не добив никаков одговор“, се сеќава Донован.
Токму затоа се изненадил кога по некое време некој му одговорил на пораката.
„Кој е тоа“ - бил одговорот што го добил од Кирсти Шеарс, која живеела на околу 150km оддалеченост.
Таа мислела дека некој близок го дал нејзиниот број некому, па бидејќи не знаела кој е, решила да одговори на пораката.
„Јас сум Дон“ - пишувало во одговорот.
Тие почнале да си испраќаат пораки, и сметката за мобилниот во првиот месец на Донован му била околу 250 фунти.
Тогаш решиле дека е подобро да се слушнат на телефон.
Донован се воодушевил од нејзиниот шкотски акцент, и постојано ја барал. По шест месеци се договориле да се видат, и тоа Кирсти да дојде во градот каде што живеел Донован.
Веднаш си се допаднале еден на друг.
По четири години се венчале и денес имаат две деца, син и ќерка.
„Таа е неверојатна жена, интелигентна, грижлива.
И денес ѝ се заблагодарувам на судбината што нè спои“ - вели Донован.
А. Ј. | Црнобело