Жена од Јапонија има Hello Kitty колекција со над 10.000 предмети: „Ги собирам 36 години“

Асако Канда од Јапонија почнала да собира Hello Kitty предмети откако мајка ѝ ѝ купила училиштен прибор со познатото бело маче и до денес редовно ја дополнува својата колекција.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-01.jpg

Hello Kitty е еден од најпрепознатливите брендови ширум светот.

Белото маче со панделка, креирано од јапонската дизајнерка Јуко Шимицу, иако било замислено како лик што ќе им се допадне на децата, мошне е популарно и кај возрасните.

Во 2024-та навршуваат 50 години од создавањето на Hello Kitty, а многумина што пораснале со ликот му се верни фанови и денес, како возрасни.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-02.JPG

Особено во Јапонија, има бројни луѓе кои поседуваат импресивни колекции со предмети со Hello Kitty.

Една од нив е Асако Канда, која до 2017 година го држеше рекордот за најголема колекција од Hello Kitty предмети.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-04zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-05.JPG

Асако почнала да собира играчки и слично со ликот на препознатливото маче во трето одделение, а денес нејзината колекција брои над 10.000 предмети.

Сите предмети од колекцијата ги чува во нејзиниот дом во Токио.

За себе вели дека е најголемиот Hello Kitty фан кој верно собира предмети веќе 36 години.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-03.JPG

„Мајка ми ми купи училиштен прибор со Hello Kitty. Веднаш ми се допадна и ми стана омилен. Така започна сè.

Штом почнав да заработувам свои пари, си купував работи со Hello Kitty за кујната, тоалетот и слично. Оттогаш сакав сè во домот да ми биде со ликот на Hello Kitty“, вели Асако за CNN.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-13.JPG

Таа вели дека нејзината колекција уште се зголемува и секој месец купува по два предмета со Hello Kitty.

„Кога има мигови кога сум тажна, гледањето во мојата Hello Kitty колекција ми два утеха“, додава Асако.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-07.JPG

Во постаро интервју за веб-сајтот на фирмата што го поседува брендот, Асако вели дека омилен предмет од колекцијата ѝ е кадифена играчка која ја добила од сопругот.

„Имам и други предмети кои ми се омилени, но еден од најомилените ми е големата кадифена играчка од сопругот, кој ми ја подари додека ми беше дечко.

Благодарение на Hello Kitty, стекнав пријатели од целиот свет кои ми праќаат предмети за колекцијата, некогаш и од Сингапур“.

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-6.JPG

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-08.JPG

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-09.JPG

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-10.JPG

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-11.JPG

zhena-od-japonija-ima-hello-kitty-kolekcija-so-nad-10-000-predmeti-gi-sobiram-36-godini-12.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg