По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам поприроден изглед“
- Детали
- среда, 30 октомври 2024
Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека сега сакала поприроден изглед и одлучила да ги отстрани филерите. Но, останала со вишок кожа, па направила уште еден третман – овој пат лифтинг на лицето.
Џесика Алвес која е препознатлива по „пластичниот“ изглед и бројните корекции на лицето сега зборува против филери и ботокс.
Џесика, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, откри дека ги отстранила филерите на лицето.
Низ годините таа има направено над 100 процедури за кои потрошила повеќе од еден милион евра, но сега вели дека сакала да изгледа поприродно.
Таа отишла во Турција за да ги отстрани филерите во лицето, но истакнува дека веднаш потоа морала да прави и лифтинг бидејќи имала вишок кожа.
Изненадувачки, но сега таа апелира и младите да не ставаат ботокс и филери.
„Повеќето жени кои ставивме филери пред 20 години сега ги отстрануваме.
Овие филери не прават да изгледаме помладо. Напротив, прават да изгледаме постаро. Од нив лицето ни е кружно и потечено.
Сите овие жени се на иста возраст како мене – Ким Кардашијан има 44 години. И, сите стававме филери пред 20 години за да го спречиме стареењето.
Но, со ова си го деформиравме лицето“, вели 41-годишната Џесика.
Сепак, пред да открие дека ги отстранила филерите, Џесика изјави дека не се откажува од сите други третмани за подмладување.
„Трошам 10.000 евра месечно само за процедури кои го забавуваат стареењето.
Преку една недела одам во клиника во Лондон каде што ги има најновите третмани за подмладување“.
По отстранувањето на филерите и лифтингот на лицето, Џесика се појави на настан во Истанбул каде речиси и да не се забележува разлика во изгледот.
Летово, таа правеше уште еден лифтинг на лицето, а тогаш нејзин близок пријател изјави дека кожата веќе ѝ се распаѓала од многуте операции и процедури.
Повеќе фотки од Џесика:
Спирова С. | Црнобело