Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Поранешниот телохранител на Меган Маркл: „Во Лондон ја чекаше истата судбина како Дијана – секој ден нѐ прогонуваа“

„Ја бие лош глас дека е ужасна газдарица и дека беше злобна кон кралското семејство и тоа ме боли“ – вели поранешниот телохранител на Меган Маркл, Стив Дејвис, кој ја откри вистината од неговото искуство, за тоа каква е поранешната војвотка како личност.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-01.jpg

Додека голем број вработени ја обвинуваат Меган Маркл и додека таа стана „црна овца“ во кралското семејство која го отуѓи сопругот од најблиските, нејзиниот поранешен телохранител Стив Дејвис, одлучи да стави крај на приказните и да застане во нејзина одбрана.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-02.jpg

Тој даде ексклузивно интервју за InTouch Magazine каде отворено зборуваше за своето искуство како вработен за војвотката, но и за тоа што тој одблиску имал можност да го забележи како човек кој бил задолжен за нејзината безбедност.

„Ја бие лош глас дека е ужасна газдарица, дека е злобна кон кралското семејство.

Но, јас имав можност да ја видам како работи во студио, како работеше со хуманитарни организации, со шетачи на кучиња и хигиеничари.

Има една голема лекција што ја научив од неа, а тоа е:

’Однесувај се со почит за да добиеш почит‘“ – вели Стив.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-04.jpg

Но, подоцна кога станала дел од „Фирмата“, телохранителот вели дека почнал да ја сожалува, затоа што притисокот од публиката станал неподнослив.

Голем број од британските новинари се собрале во Торонто, каде што живеела таа и почнале да го следат секој нејзин чекор.

„Стана параноична. Имавме луѓе што нè следеа каде и да одиме. Имавме проблеми со дронови.

Нè прогонуваа автомобили. Животот ѝ се претвори во кошмар.

Сè што сметаше дека е секојдневие во нејзиниот живот, одеднаш исчезна.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-05.jpg

Неколку недели откако почнав да работам за неа, ја прашав: ’Што сакаш навистина да правиш?‘

Ми рече: ’Посакувам да можев да одам во маркет…‘

Тоа не ѝ било дозволено од претходното обезбедување. Така јас ја туркав количката во маркетот, а таа ставаше предмети во неа и навистина беше среќна“ – раскажува Стив.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-07.jpg

Откако се преселила во Лондон, ситуацијата само дополнително се влошила.

„Фотографите ја следеа насекаде, поминуваа на црвено, обидувајќи се да ни се доближат.

Ваквите опасни ситуации беа многу чести.

Ако останеше во Лондон стравувам дека на Меган ќе ѝ се случеше истото што ѝ се случи на принцезата Дијана“ – вели човекот чија главна цел била да се грижи за безбедноста на Меган.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-08.jpg

Инаку, тој од своја страна ги потврдува изјавите на Меган за депресијата и проблемите со менталното здравје коишто следеле откако таа станала членка на семејството.

Според него, главен проблем било тоа што некој друг ја раскажувал нејзината приказна и таа го загубила правото на глас.

„Таа го сака Хари. Таа си ги сака децата, но многу лесно можете да паднете во депресија, ако се плашите да отворите весник, за да видите што зборуваат луѓето за вас.

Бакингемската палата ги контролираше односите со јавност, нешто што Меган претходно беше навикната да го прави сама со својот тим“ – вели тој.

poraneshniot-telohranitel-na-megan-markl-begavme-od-dronovi-sekoj-den-stana-paranoichna-11.jpg

За крај, Стив кажува дека воопшто не му се логични тврдењата дека таа е лоша личност затоа што и покрај целиот притисок што го трпела, таа се трудела да покаже емпатија и разбирање за сите.

„Таа е одлична кон нејзините обожаватели и ќе даде сè од себе за да им помогне на луѓето. Тоа е она што ме боли – што луѓето мислат дека е поинаква“ – вели Стив.

Прочитајте и „Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg