„Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка
- Детали
- четврток, 15 февруари 2024
„Меган Маркл сигурно била многу завидлива и љубоморна на Кејт Мидлтон“ – тврди авторката Ингрид Стјуарт, која со години наназад ги следи случувањата на британскиот кралски двор, а сега вели дека принцот Хари бил вљубен во сопругата на Вилијам.
Ингрид Стјуарт е авторка на новата биографија за кралот Чарлс, насловена The King, а има напишано 17 книги за британската монархија.
Таа била редовен гостин во кралската палата и пријателка на принцезата Дијана и имала можност да ги гледа денешните принцови додека растеле.
Во интервју за The Telegraph, Ингрид тврди дека Чарлс е непријателски настроен кон Хари затоа што не може да му прости за неговиот лош однос кон сегашната кралица Камила, а на Вилијам, пак, му пречи тоа што во својата книга The Spare, Хари ја оцрни снаата Кејт Мидлтон.
Таа нагласува дека принцот Хари и Кејт Мидлтон беа многу блиски пред тој да се ожени за Меган Маркл.
„Можеби Хари беше малку вљубен во Кејт. Не мислам физички, туку ментално. Се сеќавате кога беа само тие тројца.
Тој отсекогаш посакувал да има сестра и ѝ го кажал тоа на Дијана.
На психолошко ниво мислам дека тој ја обожаваше Кејт и секогаш беше таму, со нив.
Мислам дека Меган прво беше неверојатно завидлива, а потоа и љубоморна на Кејт.
Слушнав дека Меган верувала дека ќе стане принцеза и ќе живее во замокот Виндзор.
Наместо тоа, Вилијам и Кејт добија прекрасна куќа, додека тие останаа во колибата Нотингем, која Хари ја нарекуваше ‘мојата шупа’“ – вели Ингрид.
Според неа, Меган плачела заради тоа што се чувствувала отфрлено, а не заради облеката, или заради тоа што Кејт ѝ го зела сјајот за усни без прашање, како што тоа Хари го опишува во книгата.
Прочитајте и Хари тврди дека се степал со принцот Вилијам пред да си замине од Англија: „Ме фати за јаката и ме бутна - имав повреди на грбот“
Во продолжение погледнете уште неколку фотки од времето кога во палатата беа само Хари, Кејт и Вилијам:
Б. С. Б. | Црнобело