Сакаат да изгледаат помладо - Познати мажи кои ставиле ботокс и филери

Истакнати јаболчници и затегната кожа без брчки - сѐ повеќе славни мажи подлегнуваат на разни естетски зафати за да изгледаат помладо.

sakaat-da-izgledaat-pomlado-poznati-mazi-koi-stavile-botoks-i-fileri-01.jpg

Живееме во време во кое одржувањето на младоликоста како да станува императив на успехот и модерното живеење.

За естетските операции на славните жени се знае скоро сѐ: која се затегнала, која ставила силкони, вбризгала хијалурон, но ретко кога може да се прочита дека некој маж подлегнал на некаков зафат.

Најпопуларни операции меѓу мажите се операција на носот, затегнување на капаците, липосукција и пресадување на коса.

Во продолжение дел од светски познатите мажи кои имаат направено некаков зафат:

Том Круз

Доколку ги споредите фотографиите на Том Круз од младоста и денес, ќе увидите разлика на лицето тогаш и сега.

Се чини дека Том, кој денес има 61 година, малку и претерал со ботоски и филери, што дури изгледа неприродно зa своја возраст.

sakaat-da-izgledaat-pomlado-poznati-mazi-koi-stavile-botoks-i-fileri-02.jpg

Сајмон Кауел

Британскиот водител, продуцент и бизнисмен Сајмон Кауел, привлекува доста внимание, токму поради драстичните промени на неговото лице. 

Ултрамазната кожа и недостатокот на фацијална експресија се резултат на повеќе естетски корекции.

И самиот тој призна дека уште во 2016 година почнал со третмaни за да изгледа помладо.

Своевремено кажал и дека еднаш толку претерал со ботоксот, што неговиот син се исплашил од него, па наводно решил повеќе да не го користи.

sakaat-da-izgledaat-pomlado-poznati-mazi-koi-stavile-botoks-i-fileri-03.jpg

Џо Џонас

Музичарот и член на групата Jonas Brother's, Џо Џонас јавно призна дека вбризгува инјекции во лицето за да ја одржи млaдоликоста. 

Соработуваше и со брендот за козметички инјекции Xeomin за нивната нова кампања.

sakaat-da-izgledaat-pomlado-poznati-mazi-koi-stavile-botoks-i-fileri-04.jpg

Мајкл Даглас

Познатиот актер Мајкл Даглас во 2000 година признал дека направил лифтинг на лицето и после тоа никогаш не престанал со третмани.

Наводно ја убедувал и својата сопруга Кетрин Зита Џонс да подлегне третмани за одржување на младоликоста на кожата.

sakaat-da-izgledaat-pomlado-poznati-mazi-koi-stavile-botoks-i-fileri-05.jpg

Силвестер Сталоне

Славниот актер Силвестер Сталоне често сака да се пофали на Инстаграм дека и на 77-годишна возраст и понатаму е во топ форма.

Иако се нема пофалено дека направил некаква промена на лицето, тоа е и повеќе од очигледно.

Видливо е дека направил лифтинг и ставал ботокс, а добро затегнатиот врат покажува дека направил подигање и на долниот дел од лицето.

sakaat-da-izgledaat-pomlado-poznati-mazi-koi-stavile-botoks-i-fileri-07.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
По 100 операции и третмани од кои ѝ се распадна лицето, Џесика Алвес ги отстранува филерите: „Сакам ... Џесика Алвес, која пред да го промени полот беше нарекувана „жив Кен“, вели дека...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта? Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, спо...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg