Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта?
- Детали
- вторник, 01 октомври 2024
Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, сподели видео кое го снимила за време на една ненадејна посета на училиштето на син ѝ.
Јулија е мајка на две деца на која кинескиот град Шангај ѝ станал дом пред 7 години и која на својот Инстаграм профил „JuliiaChina“ постојано споделува видеа како изгледа животот таму.
Нејзиниот поголем син учи во кинеско државно училиште, а неодамна Јулија имала можност да види како изгледа неговото училиште внатре, бидејќи на родителите во Кина вообичано им бил забранет влез во училиштата.
„Мојот син учи во државно кинеско училиште и на родителите вообичаено не им е дозволено да влезат внатре, но овој пат, благодарение на дождот, влеговме.
Покрај одлично уредени тоалети, кои изгледаат супер модерно, има поставено по два клима уреди во секоја училница.
Во училишниот двор има фонтана и игралиште, внатре аквариум, потоа менза со голем број чешми за учениците да си ги мијат рацете и училницата им е одлично уредена“, споделува Јулија.
Погледнете го нејзиното видео на линкот ТУКА.
С. С. | Црнобело