„Поминав 8.000km за љубовен состанок, но заврши катастрофално“
- Детали
- среда, 20 март 2024
Англичанката Кејла Касл буквално го сфатила тоа дека „само небото е граница“, па поминала 8.000 километри од Лондон до Сан Франциско за да се сретне со мажот за кој верувала дека е „вистинскиот“.
Кејла Касл (35) од Хадерсфилд решила да ѝ даде шанса на љубовта и летала 11 часа од Лондон до Сан Франциско за да се сретне со мажот кого го запознала на летување во Мексико.
По кратката романса што ја имале во февруари 2024, таа и мажот, чие име не го открива, продолжиле да контактираат, па во еден момент тој ја поканил да го посети, а Кејла прифатила.
Таа летала 11 часа и поминала околу 8.000 километри за да го има првиот вистински љубовен состанок со мажот за кој мислела дека е вистинскиот.
Но, се разочарала кога сфатила дека тој не е воопшто налик човекот што го запознала само еден месец претходно.
Мажот го платил авионскиот билет до Сан Франциско, а таа требала да остане во САД 10 дена.
Тој организирал сè - ја водел на познатите туристички места низ градот, на вински тури, на прошетки. Но, по седмиот ден, таа веќе била сигурна дека направила грешка што дошла во Америка.
„Секогаш велам дека мажот треба да инвестира во работите што ги цени. Па, ако инвестирал во мене, тогаш значи дека ме цени и мене.
Тој ги плати авионските билети, ме прашуваше што сакам да правиме, ме водеше на прошетки, вински тури, го прошетавме брегот покрај Сан Франциско, Националниот парк Јосемити. Видов неверојатни работи“, вели Кејла за Mirror.
Но, во тие денови почнала да се разочарува од него.
„Кога сакав да се прошетаме, тој наместо да дојде со мене, остануваше во автомобилот со телефонот во рака и чекаше да се вратам.
Двапати излезе без мене во бар со пријателите, иако бев таму само 10 дена. Ова ми беше црвено светло за тоа каква би ни била врската или животот, ако решам да продолжам да се гледам со него“, додава таа.
Откако се вратила, му кажала дека можат да останат само пријатели, но и дека искуството, кога споила сè, сепак било катастрофално.
„Понекогаш навистина треба да излезете од комфорната зона, да го направите оној невозможен чекор и да ѝ дадете шанса на љубовта - дури и ако треба да поминете 8.000 километри, а потоа сфатите дека тоа не е вистинското нешто за вас.
Но, подобро тоа, отколку да се каете и да сонувате за работи што не се реални. Моето патување иако беше катасатрофално, барем во однос на очекувањата што ги имав, сепак ми беше добра лекција“, вели Кејла.
А. Ј. | Црнобело