Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“
Ричард вели дека сопругата пробала да ги вмеша и нивните ќерки, терајќи ги да кажуваат дека се плашат од татко им.
Таа ги терала и да им кажуваат на соседите дека „тато ја тепа мама“.
Наводно, токму ова го натерало Ричард да проговори за насилството, според еден од детективите кои работеле на случајот:
„Мислам дека ми кажа еднаш – доколку не ги вмешала децата, немало да каже никому бидејќи мислел дека има контрола над ситуацијата.
Ќе го трпел малтретирањето ако мислел дека децата имаат пристоен живот“.
Според детективот, Ричард почнал да собира докази само за да ги спаси децата.
Во емисијата се прикажани и вознемирувачките снимки од домот на Ричард на кои се гледа како сопругата го навредува, а во еден миг и тргнува кон него со нож и му се заканува.
Откако била приведена летото 2021-ва, во текот на испрашувањето сопругата упорно тврдела дека Ричард е насилникот.
Кога, пак, била осудена, барала да не се емитува емисијата.
Сепак, Ричард сметал дека вознемирувачките снимки ќе помогнат да се крене свесноста за малтретирањето што го трпат и мажите и инсистирал да се објават.
Ричард и сопругата се запознале во ноќен клуб во 2000 година, а се венчале во 2009-та.
Кога ја добиле првата ќерка во 2015-та, Ричард ги инсталирал безбедносните камери низ домот за да можат да внимаваат на ќерка им.
И, токму овие камери му помогнале да изгради случај против сопругата.
Денес тој живее со нова партнерка и вели дека е среќен, додека сопругата издржува 4-годишна затворска казна.
Спирова С. | Црнобело