Потресно сведоштво на маж, жртва на домашно насилство: „Сопругата ми се закануваше со нож“

„Полошо од физичкото насилство, беа навредите и работите што ме деморализираа“, открива Британец кој 20 години трпел физичко и психичко насилство од страна на сопругата.

potresno-svedoshtvo-na-mazh-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-soprugata-mi-se-zakanuvashe-so-nozh-01.jpg

Домашното насилство е мошне честа појава, а во поголемиот број случаи жртвите се жени. Но, ова никако не значи дека мажите се имуни на ваков вид насилство.

А, стигмата околу домашното насилство постои и кај двата пола – жртвите, најчесто од срам, молчат за тортурата што ја трпат.

Сакајќи да ја зголеми свеста за мажите жртви на домашно насилство, Ричард Спенсер од Англија ја споделува својата трогателна приказна.

potresno-svedoshtvo-na-mazh-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-soprugata-mi-se-zakanuvashe-so-nozh-10.jpg

За луѓето околу него, Ричард имал совршен живот – успешна кариера, огромна куќа во елитна населба, сопруга и три ќерки.

Но, зад затворени врати, Ричард 20 години трпел насилство од страна на сопругата Шери (46).

Во емисија за телевизијата Channel 5, Ричард открива дека неговата сопруга била уапсена откако тој ги снимил нападите во неговиот дом, а направил и фотографии на кои му се гледаат модринките и раните од сопругата.

potresno-svedoshtvo-na-mazh-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-soprugata-mi-se-zakanuvashe-so-nozh-12.jpg

Но, физичкото насилство било само мал дел од она што го трпел Ричард, а наводно судијата го опишал како „најлошиот случај на контрола и насилство што го видел“.

„Она што имаше полошо влијание од физичкото насилство, беа деморализирачките работи што ми ги правеше.

На пример, во кујната често имавме кутија со 12 или повеќе јајца и таа ќе дојдеше до мене и ќе ми ги скршеше од главата или од лицето. Некогаш беше толку гневна, што лушпите ми ја сечеа кожата.

Се чувствував беспомошно секогаш кога се случуваа овие работи“.

potresno-svedoshtvo-na-mazh-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-soprugata-mi-se-zakanuvashe-so-nozh-03.jpg

Таа честопати му зборувала одвратни работи за мајка му која починала од рак, и му дофрлала и злобни коментари – дека посакувала и сестра му да умре од рак.

Во една ситуација, таа скршила шише вино од главата на Ричард, а кога тој пробал да ѝ каже дека е во болка бидејќи му го пресекла увото, таа почнала да го удира.

Притоа, се заканувала дека самата ќе си нанесе повреди и ќе им кажува на соседите дека тој ја тепа.

potresno-svedoshtvo-na-mazh-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-soprugata-mi-se-zakanuvashe-so-nozh-05.jpg

Во една ситуација, дури и почнала да вика низ прозорецот дека Ричард ја тепал.

По некое време, соседите станале свесни за насилството во домот на Ричард, но и им станало јасно дека тој е жртвата.

Имено, Ричард правел скара со неколку соседи, а со него биле и ќерките.

Тогаш сопругата дошла за да ги однесе ќерките на спиење, а Ричард решил да се отвори пред соседите.

potresno-svedoshtvo-na-mazh-zhrtva-na-domashno-nasilstvo-soprugata-mi-se-zakanuvashe-so-nozh-06.jpg

Во емисијата, сосед на Ричард се присетува на насилните ситуации со неговата сопруга.

„Еднаш му рече да купи вино или нешто, тој се двоумеше (дали да оди) и ја погледна. Тогаш, таа зеде кујнски нож и ги исече гумите на автомобилот“.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg