Голманот на Аргентина на терен го теши Мбапе, а во соблекувална бара едноминутен молк за него – највпечатливите мигови од СП во Катар (видео)
- Детали
- понеделник, 19 декември 2022
Твитот од 2015-та година во кој се предвидува победата на Меси, обидите на Макрон да го утеши Мбапе, но и скандалозното барање на аргентинскиот голман за едноминутно молчење во име на најдобриот француски играч во соблекувалната – најинтересните мигови од финалниот натпревар во СП во Катар.
Франција и Аргентина вчера (18.12) приредија спектакуларен финален натпревар во Светското првенство во фудбал во Катар, а натпреварот го одбележаа повеќе возбудливи мигови, како на теренот, така и на трибините.
Победничкиот танц на голманот на Емилијано Мартинез во моментот кога го одбрани пеналот на Кингсли Коман, радоста на францускиот претседател Емануел Макрон за постигнатите голови, но и обидите на францускиот претседател да го утеши најдобриот играч на Франција се само некои од највпечатливите мигови од натпреварот.
По победата на Аргентина во Светското првенство во Катар на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа и фотографии од вчерашниот финален натпревар.
Во продолжение да проследиме неколку хит видеа и објави што масовно се споделуваат на социјалните мрежи:
Предвидувањето дека Аргентина ќе победи на Светското првенство:
„На 18-ти декември. 2022-ра година, 34-годишниот Лео Меси ќе победи на Светското првенство и ќе стане најдобар играч на сите времиња. Ќе се видиме по 7 години“ – напишал во 2015-та година Хозе Мигуел Поланко, а неговиот твит масовно се споделуваше по завршувањето на натпреварот.
https://twitter.com/josepolanco10/status/579016398694805504
Емануел Макрон се радува на постигнатите голови на Франција:
https://twitter.com/Sinani7Flamur/status/1604580607505403906
https://twitter.com/sakshi_ora/status/1604730275795046400
Емилијано Мартинез го теши Мбапе по победата на Аргентина кој се обидува да го избегне Макрон:
https://twitter.com/saurabhexplorin/status/1604550003133145088