Видео од Роналдо во кое навидум „турка“ обожавател стана хит на Твитер, додека во солзи го напушта теренот по натпреварот со Мароко
- Детали
- сабота, 10 декември 2022
„Не ги почитува ниту сопствените обожаватели“ – велат дел од твитерџиите што го споделија видеото на кое се гледа како Кристијано Роналдо оттурна еден обожавател. Камерите го забележаа моментот како фудбалерот во солзи го напушти теренот откако не му се оствари сонот за победа.
По загубата на репрезентацијата на Португалија од Мароко, Кристијано Роналдо во солзи го напушти мечот, разочаран од тоа што неговата репрезентација не успеа да освои пласман во полуфиналето и не му се оствари сонот за победа на Светско Првенство во фудбал.
Ова беше втор натпревар по ред во кој Роналдо првото полувреме го помина на клупа, а по загубата од Мароко, тој беше снимен како во солзи си заминува од теренот.
Камерманите го следеа сè до тунелот каде веќе не можеше да ги сокрие емоциите.
Cristiano Ronaldo in tears. Portugal are out. Shock. 🇵🇹💔 #FIFAWorldCup pic.twitter.com/vvfeLik5sn
-->— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) December 10, 2022
Освен видеото на кое плаче, на социјалните мрежи масовно се споделува уште едно видео во кое навидум се гледа дека тој гневно оттурнува еден обожавател што успеал да се протне меѓу обезбедувањето и да му се приближи на фудбалерот.
Ronaldo hit a fan after full time today and there’s been no words on it…Messi got hated by the entire internet for celebrating yesterday… pic.twitter.com/lXvgQC4VJF
— Stav (@Stav10m) December 10, 2022
Дел од твитерџиите коментираат дека Роналдо не е виновен и дека стјуардот го повлекува обожавателот затоа што влегол во недозволената зона, а Роналдо не го удрил.
Инаку ова не е првпат Роналдо да биде обвинет дека удрил обожаватели по загубен натпревар. Во април годинава тој удри аутистично дете во Англија.
Б. С. Б. | Црнобело