Татко му не сакал тој да вози Формула 1, бил со него кога се случи страшната несреќа на Алпите – Факти за Мик Шумахер, синот на Михаил
- Детали
- вторник, 29 март 2022
Физички премногу наликува на својот славен татко, бил со него кога тој настрада на скијање, тргна по неговите стапки и гради успешна кариера во Формула 1, иако Михаел јавно говореше дека никогаш нема да го дозволи тоа, а на последната трка пред неколку дена, тој имаше сообраќајна несреќа - факти за Мик Шумахер.
Во саботата (26.02), синот на светски познатиот возач на формула 1 Михаел Шумахер (53), Мик Шумахер (23) имаше тешка сообраќајна несреќа на стазата во Абу Даби кога удри во ѕид со брзина од 240 km/час.
Тој цело време беше во свесна состојба, но со хеликоптер беше пренесен во болница.
Мик ја пропушти трката во Абу Даби, но, откако излезе од болница рече дека се чувствува добро и дека се подготвува за следната трка во Мелбурн.
Во продолжение неколку интересни факти за Мик Шумахер, кој тргна по стапките на својот славен татко и полека почнува да гради сопствена кариера во Ф1.
Повеќе интересни факти за Мик во продолжение:
Мик е роден во 1999-та година и е син на седумкратниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер. Професионално почнал да се занимава со Формула 1 во 2008-ма година под псевдонимот Мик Беч за да избегне какво било поврзување со неговиот познат татко.
Уште додека бил мал, Мик го нарекувале „Мини Шуми“, а уште на 2-годишна возраст почнал да пројавува интерес за возење картинг. На 8-годишна возраст Мик почнал да пројавува желба за да стане Формула 1 возач.
Иако многумина очекуваат дека Мик ја имал целата поддршка од татко му за да ја изгради кариерата во Формула 1, помалку познат факт е дека Михаел не сакал неговиот син да се занимава со опасниот спорт.
„Всушност не смеам да мислам на тоа дека ќе го видам син ми во формула. Не сакам да биде мој наследник. Ако децата сакаат да изберат исто хоби како татко им, тогаш нека изберат голф, тоа е релативно безбеден спорт“ – рече Шуми.
На возраст од само 14 години Мик бил заедно со неговиот татко Михаил на скијање на Француските Алпи кога се случила страшната несреќа и Ф1 легендата удри со глава во карпа, по што беше 6 месеци во кома за да се намали отокот на мозокот.
Денес, речиси никој не знае во каква здравствена состојба е Михаел, а неговата сопруга Корина во неколку наврати рече дека ја почитува желбата на неговиот сопруг и не открива детали за него.
На возраст од 15 години, Мик ја имал првата сообраќајна несреќа, за време на тренинг во Барнденбург Германија. Оваа несреќа следела само неколку денови откако и официјално ја започнал кариерата, но тоа не го обесхрабрило да продолжи понатаму.
Мик јавно говореше во документарниот филм посветен за животот на неговиот татко во кој рече:
„Мислам дека јас и татко ми се разбираме сега на поинаков начин затоа што говориме на сличен јазик, на јазикот на мото-спортот и мислам дека би имале многу што да си кажеме.
Честопати мислам за тоа. Би дал сѐ на светот само да можам да разговарам со него“.