Корина Шумахер јавно проговори за животот со Михаел по несреќата: „На сите ни недостасува, но тој, иако е поинаков, сепак е тука!“

„Никогаш не очекував дека нешто може да му се случи“ - низ солзи сопругата на Михаел Шумахер, Корина говори за нејзиниот живот по страшната несреќа во новиот документарен филм „Шумахер“ на Netflix.

korina-shumaher-javno-progovori-za-zhivotot-so-mihail-po-nesrekjata-na-site-ni-nedostasuva-no-toj-iako-e-poinakov-01.jpg

Михаел Шумахер во 2013-та година претрпе несреќа на француските Алпи за време на скијање, кога удри во карпа и се здоби со сериозни повреди на главата иако носел заштитна опрема.

Тој беше на патувањето заедно со неговиот 14-годишен син Мик, а по несреќата, грижата за целото семејство, како и за болниот сопруг во целост падна врз плеќите на Корина, која со години се труди колку е можно повеќе да го заштити Михаел и јавноста да не дознае што точно се случува со него во однос на здравствената состојба.

Во новиот документарен филм посветен на Шумахер, членовите на неговото семејство говорат за него, но и за првпат по страшната несреќа дадоа увид во тоа каков е нивниот живот и неговата здравствена состојба.

korina-shumaher-javno-progovori-za-zhivotot-so-mihail-po-nesrekjata-na-site-ni-nedostasuva-no-toj-iako-e-poinakov-02.jpg

Сопругата Корина, која е во брак со Михаел од 1995-тата година, за Михаел вели дека тој е „прекрасна личност“. Таа споделува повеќе интимни моменти, за тоа како се запознале, како стапиле во брак, но се осврнува и на нивниот приватен живот по несреќата:

„Никогаш не го обвинував Бога за тоа што се случи. Навистина беше лоша среќа – целата лоша среќа што некој може да ја добие во животот. Секогаш е тешко кога ќе се прашам: ‘Зошто ова му се случува на Михаел или ни се случува нам?’ Но, зошто, тоа истото им се случува и на други луѓе?

Ми недостига Михаел секој ден. Но, не сум само јас таа на која ѝ недостига. Им недостига и на децата, на неговиот татко, на сите околу него. Мислам на сите им недостасува Михаел, но Михаел е тука. Поинаков е, но тој е тука, и на сите ни дава сила.“

korina-shumaher-javno-progovori-za-zhivotot-so-mihail-po-nesrekjata-na-site-ni-nedostasuva-no-toj-iako-e-poinakov-03.jpg

„Ние сме заедно. Ние живееме заедно. Имаме терапии. Правиме сè, за Михаел да се чувствува подобро и да му биде поудобно и да се чувствува како дел од нашето семејство. И без разлика на сè, ќе направам сè што можам. Ние сите ќе направиме сè што можеме“ – вели таа.

korina-shumaher-javno-progovori-za-zhivotot-so-mihail-po-nesrekjata-na-site-ni-nedostasuva-no-toj-iako-e-poinakov-04.jpeg

Понатаму таа проговори и зошто во последните неколку години прави сè за нивниот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста. Како што вели, според неа Михаел постојано велел дека „она што е приватно треба да остане приватно“ и дека се обидуваат колку можат повеќе да се држат до неговите желби.

„Михаел секогаш нè штитеше, сега ние го штитиме него“ – вели таа.

korina-shumaher-javno-progovori-za-zhivotot-so-mihail-po-nesrekjata-na-site-ni-nedostasuva-no-toj-iako-e-poinakov-05.jpg

Во филмот се појавуваат и двете деца на Михаел и Корина, Џина – Марија (24) и Мик (22). Мик тргна по стапките на неговиот татко и веќе ја гради кариерата како формула 1 возач, а во филмот и тој говореше за тоа кои се неговите цели:

„По несреќата, сите искуства, сите мигови што верувам дека многу луѓе ги имаат со нивните родители, јас веќе ги немам или се многу малку. Според мене тоа не е фер.

Мислам дека јас и татко ми, би можеле да се разбереме на поинаков начин сега. Само затоа што говориме сличен јазик – јазикот на мото-спортот – и дека би имале многу повеќе за што би можеле да разговараме. Мислам дека тоа би било супер... Би дал сè за да го имам тоа.“ – вели Мик.

korina-shumaher-javno-progovori-za-zhivotot-so-mihail-po-nesrekjata-na-site-ni-nedostasuva-no-toj-iako-e-poinakov-07.jpg

Инаку, во новиот документарен филм објавени се и досега невидени видеа и интервјуа со членови на семејството како братот на Михаел, Ралф, а говорат и други колеги и блиски соработници, меѓу кои и Жан Тод, Барни Еклстон, Себастијан Фетел, Мика Хакинен, Дејмон Хил и други.

Погледнете го трејлерот за новиот докуметарен филм:

Прочитајте и Ja преживеа несреќата благодарение на сопругата – Која е Корина Шумахер и како Михаел ја возвишуваше?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...
Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour... „Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никог...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg