Вознемирувачки фотки: Девојка обвини фудбалер на Манчестер Јунајтед за насилство - „Ова ми го прави Гринвуд“
- Детали
- понеделник, 31 јануари 2022
Раскрвавена уста, модринки по телото – девојката на 20-годишниот фудбалер Мејсон Гринвуд, објави вознемирувачки фотки и го обвини своето момче за насилство и силување, по што тој е приведен во полиција.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд (20) е уапсен откако неговата девојка сподели шокантни и вознемирувачки снимки за кои тврдеше дека се докази за насилството на нејзиното момче.
20-годишната девојка на Гринвуд, Хериет Робсон во неделата на Инстаграм Стори сподели серијал фотографии на кои се гледа дека е претепана, а во опис напиша:
„За сите што сакаат да знаат што ми прави Мејсон Гринвуд“.
Освен што тврдеше дека Мејсон бил физички насилен кон неа, Хариет вели дека и сексуално ја злоставувал, а на социјалните мрежи масовно се споделува видеото што таа го објави:
https://twitter.com/fanatic_devil16/status/1487813736027267072
Според официјалните информации од полицијата во Манчестер, по виралната објава на Хариет, Мејсон бил уапсен поради сомнежи за насилство и силување.
Во моментов, познатиот играч на Манчестер е задржан на испрашување, а од клубот Манчестер Јунајтед информираа дека тој нема да игра на натпреварите до следната објава.
Што знаеме за девојката на познатиот фудбалер?
Хериет Робсон е родена во февруари 2001-ва година, а освен што е позната како девојка на Мејсон Гринвуд, таа е модел и инфлуенсер.
За нив се знае дека повеќе години биле во романтична врска. Тие биле добри пријатели уште од детството, а заедно оделе и во училиште.
Во 2020-та година почнале да живеат заедно, но, како што пренесуваат светските медиуми, во последниот месец е забележително дека почнале да ги бришат заедничките фотографии од социјалните мрежи, поради што почнаа да кружат гласини дека се разделуваат.
Се проценува дека Хариет самата има богатство од околу 1 милион долари, што ги заработила како модел и како инфлуенсер на Инстаграм.
Б. С. Б. | Црнобело