Нејмар доби трето дете - бараше тест за утврдување на татковството за да ја признае ќерката
- Детали
- недела, 21 јули 2024
Бразилскиот фудбалер Нејмар на почетокот на јули доби трето дете, но побара тест за утврдување на татковството за да го признае девојчето.
Еден од најдобрите светски фудбалери, Нејмар, за помалку од една година доби втора ќерка.
Тој на Инстаграм сподели фотки од бебето и откри дека таа се вика Хелена и дека е родена на 3 јули.
Ова е трето дете на фудбалерот кој на 19 години го доби синот Дави Лука (12) со поранешната девојка Каролина Дантас, а во есента 2023 доби и ќерка со Бруна Бакарди.
Но, брзо по раѓањето на ќерката, Бруна потврди дека тие раскинале, а во тоа време во бразилските медиуми кружеа гласини дека причината за раскинувањето е неверството на Нејмар.
Тој, наводно ја изневерил Бруна со бразилската манекенка и инфлуенсерка Аманда Кимберли.
Брзо потоа се дозна и дека Кимберли е бремена, а Нејмар иако бил изненаден, со радост ја примил веста дека ќе добие уште едно дете.
Сепак, фудбалерот побарал да се направи тест за утврдување на татковството за да го признае детето за свое.
Па, откако резултатите покажале дека ќерката на Кимберли е и негова, тој објави фотографии од болницата и откри дека сега има три деца.
А. Ј. | Црнобело