„Како што гледате ова око не трепка, не можам да се смеам на таа страна, имам целосна парализа на половина лице. Прилично е сериозно, но очигледно телото ми бара да одморам“ - вели Џастин Бибер во видео во кое открива дека има синдром кој предизвикува парализа на лицето.