„Оваа улога ќе го уништи“ – фановите лути на Рајан Гослинг, кој ќе го игра Кен во филмот Barbie (покрај Марго Роби)
- Детали
- петок, 17 јуни 2022
Вежбал наутро и по снимање за да ги одржи мускулите потребни за улогата, а на социјалните мрежи има реакции дека улогата на Кен во новиот филм Barbie ќе му ја уништи кариерата на Рајан Гослинг. Што мислите вие, ви се допаѓа ли актерот во улога на жива кукла?
Неодамна беше објавена првата фотографија од Рајан Гослинг (41) во улога на Кен во новиот филм Barbie, каде во главната улога ќе се појави Марго Роби. Фотографијата на социјалните мрежи предизвика различни реакции кај публиката.
Life in plastic it's fantastic- just ask Ryan Gosling! 😍 We give you a first look of him as Ken in the upcoming #Barbie live-action film led by Margot Robbie. (📷: Warner Bros.) pic.twitter.com/bF9ysghWfl
— E! News (@enews) June 15, 2022
Додека едни со нетрпение го очекуваат и велат дека Рајан изгледа неодоливо како Кен, други сметаат дека воопшто не требало да ја прифати оваа улога.
На фотографијата Рајан Гослинг има бланширана руса коса, исончана кожа и извајани стомачни мускули, но со оглед на тоа што засега никој не знае ништо за приказната во филмот, многумина веќе го опишаа како најголемата „глупост“ што некогаш била направена во Холивуд.
„Хмммм. Дали е нормално да бараш да ти ги бараат парите пред да ги пуштат билетите во продажба?“ – стои во еден Твит.
Ummmmmmm is it normal to want a refund before tickets are even out?
— Vlad (@Vlad83929165) June 15, 2022
Како и да е, филмот нема да се појави во кино салите до 2023-та година, а дотогаш можеме само да ѕирнеме како ќе изгледаат актерите во главните улоги.
Freddie Prinze Jr's Fred walked so Ryan Gosling's Ken could run pic.twitter.com/QZXzaXWx9h
— Pineapple Slice 🍍 (@bashful_michael) June 15, 2022
Инаку, познато е дека Рајан Гослинг е актер што целосно се посветува на улогите во кои игра. Свесен е дека неговиот изглед во голема мера е важен за улогите што ги добива, па тој голем дел од времето го посветува на вежбање во теретана.
Покрај Рајан Гослинг и Марго Роби, во Barbie ќе се појави и актерот Сими Лиу, кој исто така мораше напорно да вежба за улогата, а на прашањето кој вежбал повеќе, дали тој или Рајан, Сими одговори:
„Дефинитивно Рајан. Тој оди во теретана наутро, но и по работа... Јас имам работна етика, но многу сакам да уживам во храната.
Додека слушам некои детали за неговата стриктна диета и за режимот што го има, но и за тоа колку многу внимание посветува на тоа да се грижи за сопственото тело - си велам, да, имам почит за тоа, но време е да се напијам газиран пијалак“.
https://www.instagram.com/p/CbXKAGTOj33/?utm_source=ig_web_copy_link
Во една прилика Рајан откри дека има посебна теорија за тоа како треба да ги оддржува своите стомачни мускули, па рече:
„По некое време (мускулите) стануваат како миленичиња затоа што не прават ништо корисно, но мора да ги храните и да се грижите за нив. Инаку ќе исчезнат.“
Прочитајте и Запознајте ги македонските Барби и Кен (фото)
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Рајан Гослинг:
https://www.instagram.com/p/CcyaYnjr2Pf/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CccTJUgsky-/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CacMDsJLdN3/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CakxPCqrjCe/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CQWAuqAnlUQ/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/COe8VzlHmzb/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CLUyqXuHXDe/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело