Хејли Бибер по нејзиниот мозочен удар и парализата на Џастин: „Проблемите само повеќе нè зближија“ (видео)
- Детали
- четврток, 16 јуни 2022
Пред една година Хејли Бибер откри дека мајка ѝ ја убедила да не се разведе од Џастин, а сега по мозочниот удар што неодамна го преживеа таа и парализата на лицето на Џастин Бибер, во интервју сподели дека нивната врска во моментов е поцврста од кога било.
Неодамна пејачот Џастин Бибер откри дека страда од реткиот синдром Ремзи Хант што му предизвика делумна парализа на лицето.
Синдромот е последица од вирусот варичела, кој ги предизвикува и сипаниците.
Според достапните информации овој вирус, по прележаната болест, може со децении да остане „заспан“ во телото на човекот, а додека е во таква состојба не предизвикува симптоми.
Сепак може да се случи да се реактивира доколку личноста има друга инфекција (како ковид), слаб имунитет или стрес.
Парализата на Џастин се случи само неколку месеци откако неговата сопруга Хејли имаше мозочен удар предизвикан од срцева маана, за која не била свесна со години, а таа детално опиша што се случило со нејзиното здравје.
Додека Џастин Бибер мораше да откаже повеќе концерти заради делумната парализа на лицето предизвикана од реткиот Ремзи Хант синдром, Хејли работи напорно на промоција на нејзината козметичка линија Rhodes.
Хејли вчера гостуваше во емисијата Good Morning America, каде, меѓу другото, појасни и каква е здравствената состојба на нејзиниот сопруг.
Таа откри и дека нејзиниот сопруг се грижел за неа додека поминувала низ застрашувачките мигови во нејзиниот живот.
„Јас повеќе сакам да следам правила и постојано да имам контрола над ситуацијата, додека Џастин знае како добро да се грижи за мене. Знаете, тој спиеше со мене во болницата и беше постојано со мене по мозочниот удар.
Мислам дека ако има нешто добро во целата оваа ситуација, тоа е дека уште повеќе се поврзавме и мислам дека сега сме поблиски од кога било“ – рече Хејли.
Погледнете го видеото од гостувањето на Хејли:
Минатата година Хејли, која е во брак со Џастин од 2018-та година, откри дека размислувала да се разведе од нејзиниот сопруг, во периодот додека тој се справувал со депресијата.
Прочитајте и Хејли Бибер за кризите во бракот: „Плачев и сакав да се разведам од Џастин – мајка ми ме натера да издржам“
Б. С. Б. | Црнобело