Хејли Бибер проговори за мозочниот удар: „По низа испитувања утврдија дека имам срцева мана, мораа да ми направат операција“

Поради вродена срцева мана Хејли Бибер морала да помине операција на срцето. Минатиот месец таа беше итно пренесена во болница заради мал мозочен удар, а сега во видео таа за првпат откри што точно ѝ се случило.

hejli-biber-za-mini-mozochniot-udar-po-niza-ispituvanja-utvrdija-deka-imam-srceva-maana-moraa-da-mi-napravat-operacija-01.jpg

Хејли Бибер (25) за првпат отворено проговори за нејзината здравствена ситуација откако минатиот месец беше хоспитализирана заради тромб во мозокот.

Таа објави видео на YouTube во кое раскажа што точно ѝ се случило и зошто морала итно да биде оперирана.

hejli-biber-za-mini-mozochniot-udar-po-niza-ispituvanja-utvrdija-deka-imam-srceva-maana-moraa-da-mi-napravat-operacija-04.jpg

„На 10-ти март имав мошне страшен инцидент. Седевме на појадок со сопругот, имавме сосема нормален ден, нормален разговор и среде разговор почувствував како нешто ми се движи низ раката од рамото до врвовите на прстите и не ги чувствував ниту прстите, ниту целата десна страна од телото.

Не можев да говорам.

Се обидов да кажам нешто но, не можев, и веднаш помислив дека имам мозочен удар. Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот и многу работи ми поминаа низ главата“ – појаснува Хејли.

hejli-biber-za-mini-mozochniot-udar-po-niza-ispituvanja-utvrdija-deka-imam-srceva-maana-moraa-da-mi-napravat-operacija-02.jpg

Моделот раскажува како првично не можела да говори, но сепак била во можност да се движи, а со текот на времето полека почнала да ѝ се враќа и можноста за говор.

Во болницата во Палм Спрингс било утврдено дека Хејли имала тромб на мозокот, но за среќа, кај неа тромбот успеал сам да помине низ телото или да се разбие и вообичаено симптомите од ваквите појави траат помалку од пет минути.

Сопругата на Џастин Бибер раскажува како цела ноќ ја поминала во болница и ѝ биле направени повеќе тестови.

hejli-biber-za-mini-mozochniot-udar-po-niza-ispituvanja-utvrdija-deka-imam-srceva-maana-moraa-da-mi-napravat-operacija-05.jpg

Биле правени тестови за да се утврди дали таа има проблеми со коагулација со крвта или автоимуна болест, а по сите испитувања никој не претпоставил дека има проблеми со срцето, затоа што сите тестови првично изгледале во ред.

По темелни испитувања конечно утврдиле дека таа има отвор меѓу двете горни комори на срцето заради што морало итно да ѝ биде направена операција.

„Кога повторно отидов во болница направивме длабински тестирања, на кои утврдија дека имам процеп помеѓу левата и десната комора на срцето (PFO – patent foramen ovale).

Овој процеп треба да се затвори сам по себе по раѓањето, но кај мене не се случило тоа. Открија дека имам највисок степен на отвор.

Вообичаено срцето го филтрира тромбот и го носи до белите дробови и тие го апсорбираат затоа што се големи и можат да го поднесат. Но, кај мене тромбот излегол од процепот на срцето и пропатувал до мојот мозок, поради што имав мини мозочен удар“ – вели таа.

hejli-biber-za-mini-mozochniot-udar-po-niza-ispituvanja-utvrdija-deka-imam-srceva-maana-moraa-da-mi-napravat-operacija-03.jpg

По ова Хејли имала кратка хируршка процедура за да се затвори процепот меѓу коморите и вели дека сега се чувствува добро и закрепнува.

Погледнете го видеото од целата исповед на Хејли:

Прочитајте и Џастин и Хејли Бибер шетаат прегрнати по хоспитализацијата за тромб во мозокот: „Беше многу страшно, но таа е силна“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg