Хејли Бибер хоспитализирана заради тромб во мозокот: „Имав симптоми на мозочен удар, сега сум добро“

„Во четвртокот наутро, појадував со мојот сопруг, кога почнав да добивам симптоми слични на мозочен удар и ме однесоа во болница“ – открива сопругата на Џастин Бибер, која имала мало згрутчување на крвта во мозокот, но сега е добро.

hejli-biber-po-hospitalizacijata-imav-simptomi-na-mozochen-udar-sega-sum-doma-no-toa-beshe-najstrashnoto-neshto-01 (1).jpg

Хејли Бибер, сопругата на Џастин Бибер, пред неколку дена била хоспитализирана заради згрутчување на крвта во мозокот, а откако TMZ ја објави веста од свои извори, 25-годишната девојка потврди на социјалните мрежи.

Таа вели дека доживеала едно од најстрашните искуства досега и се исплашила за сопствениот живот, но за среќа нејзиното тело се изборило.

Хејли на Инстаграм раскажа детално што доживеала:

„Во четвртокот наутро, појадував со мојот сопруг, кога почнав да добивам симптоми слични на мозочен удар и ме однесоа во болница. Докторите открија дека сум имала мало згрутчување на крвта во мозокот, што предизвикало мал недостаток на кислород.

Но, моето тело го надмина тоа само од себе и се опоравив целосно по неколку часа. Иако ова беше еден од најстрашните моменти кои сум ги доживеала, сега сум дома и добра сум.

Многу сум благодарна на сите прекрасни доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене. Ви благодарам на сите кои ми посакавте добри желби, како и за поддршката и љубовта.“

hejli-biber-po-hospitalizacijata-imav-simptomi-na-mozochen-udar-sega-sum-doma-no-toa-beshe-najstrashnoto-neshto-01.jpg

Џастин објави фотографија со својата сопруга истиот ден откако таа завршила во болница, а во описот преку емотикони ги покажал измешаните емоции – молитви, тага и љубов.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg