Џастин и Хејли Бибер шетаат прегрнати по хоспитализацијата за тромб во мозокот: „Беше многу страшно, но таа е силна“

Хејли Бибер се чувствува добро откако беше хоспитализирана поради тромб во мозокот, а тоа го покажуваат и најновите папарацо фотки со сопругот Џастин Бибер. Претходно, пејачот прозборе за целата ситуација за време на негов концерт, а извори блиски до парот тврдат дека тој бил поисплашен и од самата Хејли.

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-01.jpg

Хејли Бибер беше хоспитализирана поради тромб во мозокот, и иако и таа и нејзиниот сопруг Џастин Бибер изјавија дека искуството било многу страшно, 25-годишнит модел сега се чувствува добро.

Хејли самата откри дека итно била префрлена во болница и, за среќа, само неколку часа подоцна се чувствувала подобро.

Некој ден подоцна, на 16 март, нејзиниот сопруг Џастин Бибер имаше концерт во Денвер, каде што прозборе за целата ситуација.

justin-bieber-talks-hailey-baldwin-health-scare_89.jpg

Поради технички проблеми, пејачот мораше да го паузира концертот. Па, додека да се средат проблемите, реши да ја искористи можноста да зборува за неговата сакана и неочекуваните предизвици кои ни ги приредува животот.

„Повеќето од вас веројатно сте ги слушнале вестите за мојата сопруга… но сега е во ред, добра е, силна е. Сепак, беше страшно, беше навистина страшно.

Но, знам дека Бог ја чува и тоа е добро. Навистина е лудо како животот одеднаш ви создава пресврти. Навистина не можеме да контролираме многу работи“.

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-15.jpg

Во говорот на концертот, пејачот истакна и дека е свесен дека моментално во светот се случуваат многу полоши нешта, поради што сметал дека тој и неговите фанови се навистина среќни што можат да уживаат во тој момент.

„Сите ние да бидеме заедно во оваа просторија, да се смееме, да пееме… Мислам, дека нема подобро место на кое би сакал да бидам“.

Според извори блиски до парот, 28-годишниот пејач бил поисплашен и од самата Хејли.

„Џастин им испрати пораки на сите што ги знае и ги замоли сите да се молат за неа. Постојано беше покрај неа. Ќе се грижи за неа и ќе ѝ помогне како што знае. Навистина е потресен“.

Изворите тврдат дека сега Џастин го минува секој слободен момент со Хејли, но и дека многу повеќе ги цени овие заеднички мигови.

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-02.jpg

Сепак, по сè изгледа дека Џастин и Хејли се чувствуваат добро, а тоа го докажуваат и нивните последни папарацо фотки.

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-03.jpg

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-05.jpg

Викендов, пејачот и моделот беа забележани низ улиците на Лос Анџелес со широки насмевки на нивните лице.

И Џастин и Хејли беа во лежерно издание, а речиси цело време беа прегрнати додека шетаа низ Лос Анџелес.

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-06.jpg

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-11.jpg

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-09.jpg

Прочитајте повеќе: Хејли Бибер хоспитализирана заради тромб во мозокот: „Имав симптоми на мозочен удар, сега сум добро“

Истиот ден, Хејли сподели и неколку фотки на Инстаграм на кои изгледа одлично.

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-12.jpg

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-13.jpg

dzhastin-i-hejli-biber-shetaat-pregrnati-po-hospitalizacijata-za-tromb-vo-mozokot-toj-bil-poisplashen-od-nea-beshe-mnogu-strashno-no-taa-e-silna-14.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Селена Гомез се фали со новиот дечко, откако бившиот Џастин Бибер откри дека ќе стане татко Раскинуваа, беа во врска со други, па пак се смирија, но тој ја остави засекогаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg