Помалку познати факти за бракот на Хејли и Џастин Бибер: Тој спие во посебна комора, делат продукти за хигиена
- Детали
- недела, 26 ноември 2023
Имаат чуден прекар со којшто си искажуваат љубов, на настаните одат облечени во сосема различни аутфити, а пејачот тврди дека му ја „наместиле“ средбата со неа – Кои се најчудните изјави што Џастин и Хејли Бибер ги споделиле за нивниот брак?
Хејли и Џастин Бибер долго време привлекуваат внимание во јавноста, со оглед на тоа што беа релативно млади кога одлучија да стапат во брак.
Од парализата на Џастин заради Ремзи-Хант синдромот, мозочниот удар на Хејли, до борбата на Џастин со менталното здравје и лајмската болест…
Се чини дека парот постојано поминува низ нови бродоломи, но тие двајца се тука за да се потпрат еден на друг и даваат позитивен пример.
Но, постојат некои работи што тие двајца ги споделиле за својот брачен однос што на многумина им звучат чудно, како на пример кога Хејли отворено кажа која ѝ е омилена секс поза.
Во продолжение да ги погледнеме чудните детали што Хејли и Џастин ги кажале за нивниот брак:
Користат чуден прекар
Додека за голем број парови изразите како „душо“ или „злато“ се вообичаени, пејачот откри кој е неговиот омилен прекар за сопругата:
„Таа ме вика со еден куп чудни прекари. Знае да ме нарече ’гугу‘, што навистина ми е чудно, но ми се допаѓа…
Мојот мал гугу. Буквално ме врти на малиот прст. Ние сме си гугу еден за друг и навистина ми е слатко тоа“ – рече Џастин.
Никогаш не се договараат што ќе облечат
Кога и да се излезени, Џастин и Хејли не само што не се модно усогласени, туку изгледаат како да одат на сосема различен настан. Ако Хејли носи секси фустан, вообичаено Џастин е некаде во заднина облечен во вреќеста и неформална облека.
„Многу ми е смешно затоа што многу луѓе зборуваат за ова. Можеби тој сака да носи вреќести панталони на вечера, а јас сакам да носам краток фустан само затоа што така се чувствувам.
Не можеме да седиме и да се договараме: ’Ајде јас ќе се облечам вака, а ти облечи се онака‘“ – изјави Хејли во една пригода.
Типичен пример за ова е кога на излегување Џастин се појави во шпилхозни, а Хејли носеше краток кожен фустан.