Хејли Бибер страдала од посттрауматски стрес поради мозочниот удар: „Постојано се плашев дека ќе се случи повторно“
- Детали
- понеделник, 09 јануари 2023
„Бев многу анксиозна по мозочниот удар. Имав посттрауматско стресно нарушување – ми беше страв дека ќе се повтори. Тоа беше чувство кое не сакам да го почувствувам никогаш повторно. Беше толку страшно…“, вели Хејли Бибер за психолошките последици од мозочниот удар што го доживеа минатата година.
Минатата година беше особено тешка за Хејли Бибер. Околу еден месец пред Нова година, моделот сподели дека има голема циста во јајниците, а претходно доживеа и мозочен удар.
Бројните проблеми оставиле последици и врз менталното здравје на Хејли, која сподели дека по мозочниот удар, се соочила со посттрауматско стресно нарушување.
„Бев многу анксиозна по мозочниот удар. Имав посттрауматско стресно нарушување, ми беше страв дека ќе се повтори. Тоа беше чувство кое не сакам да го почувствувам никогаш повторно. Беше толку страшно...“, открива Хејли во ново интервју.
26-годишната Хејли вели дека досега не се соочила со ништо пострашно од мозочниот удар.
Таа беше хоспитализирана во март минатата година, додека беше во Палм Спрингс, Калифорнија, а сега вели дека долг период ѝ било страв да се врати на истото место.
„Ми беше чудно кога се враќав таму бидејќи се сеќавав што точно се случи во тој момент“.
Сепак, Хејли вели дека сака да гледа на добрата страна.
Благодарение на прегледот по мозочниот удар, лекарите утврдиле дека Хејли има дупка во срцето која всушност била и причината за мозочниот удар.
„Мислам дека доброто е тоа што на овој начин открив дека имам дупка во срцето. Кога се присетувам, сè можеше да биде многу полошо. Многу полоши работи можеа да се случат во тој момент“.
Околу еден месец откако беше хоспитализирана, Хејли сподели со јавноста дека ѝ била направена операција на срцето и дека сега се чувствува подобро.
Сега Хејли отворено зборува за своето искуство со надеж дека можеби ќе помогне некому, но открива дека на почетокот ова била особено болна тема за неа.
„Ми беше тешко да го направам и видеото за мојот Јутјуб канал. Ми се враќаат чувствата од целото искуство. Со текот на времето станува полесно и полесно да зборувам за ова.
Навистина сум благодарна што имав прекрасни лекари, медицински сестри и луѓе кои ми помогнаа да сфатам што всушност ми се случи“.
Иако одвреме-навреме Хејли уште чувствува интензивен страв дека повторно ќе доживее мозочен удар, вели дека сега пробува да ужива во животот, без притоа да обрнува премногу внимание на својата здравствена состојба.
Минатата година и Џастин Бибер откри дека има проблеми со здравјето. Пејачот страда од синдром кој му предизвикува делумна парализа на лицето.
Но, парот вели дека проблемите со здравјето им помогнале да се зближат и да ја подобрат нивната врска.
Спирова С. | Црнобело