Хејли Бибер: „Не сум трудна, имам циста со големина на јаболко во јајниците - болно е и ми се гади“
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
„Не е бебе. Циста е. Болно е и ми предизвикува гадење, надуеност, грчеви и емотивност. Како и да, верувам дека многу од вас можат да се поврзат со ова и да ме разберат“, сподели Хејли Бибер со фотографија од нејзиното разголено стомаче и уште еднаш беше искрена во врска со нејзиното здравје.
Хејли Бибер (26) стави „стоп“ на гласините за бременоста и откри дека во јајниците има циста со големина на јаболко, а не бебе.
Моделот сподели фотографија од своето разголено стомаче и откри дека цистата ѝ причинува болка.
„Имам циста во моите јајници со големина на јаболко. Немам ендометриоза или некаков хормонски проблем, туку циста, каква сум имала неколкупати и никогаш не е забавно.
Не е бебе. Болно е и ми предизвикува гадење, надуеност, грчеви и емотивност.
Како и да, верувам дека многу од вас можат да се поврзат со ова и да ме разберат“, објави таа.
Хејли и нејзиниот сопруг Џастин Бибер секогаш се искрени за здравствените проблеми со кои се соочуваат.
Хејли вели дека секојпат кога му е потребно на нејзиното тело, таа му дава време за да закрепне и дека таа и Џастин се во ред, без разлика колку и да е тешко на моменти.
Прочитајте и Хејли Бибер по нејзиниот мозочен удар и парализата на Џастин: „Проблемите само повеќе нè зближија“ (видео)
С. С. | Црнобело