„Кој број чевли носиш и каде е Џастин?“ – Хејли Бибер критикувана откако објави фотки на кои е сама, без сопругот
- Детали
- четврток, 11 јануари 2024
„Го искористи Џастин, го прогонуваше и се омажи за него кога тој беше најнестабилен“ – Хејли Бибер е мета на критики и потсмев откако објави низа фотографии на кои позира сама без сопругот, по пишувањата дека бракот на познатиот пар е во криза.
Бракот на Хејли Бибер и Џастин Бибер често привлекува внимание, а сега сопругата на познатиот поп-пејач се најде на удар на критики, откако објави повеќе фотографии на кои позира сама, без сопругот.
Хејли на својот Инстаграм профил објави повеќе фотографии на кои позира сама на остров во чест на новата година.
„2024... Подготвена сум за патувањето“ – напиша таа до фотографиите.
На фотографиите, таа се обиде да ги покаже сите свои атрибути, но нејзините следбеници веднаш забележаа дека на сите фотки е сама и никаде нема трага од нејзиниот сопруг Џастин.
„Извини, каде е новогодишната фотка од Џастин и Хејли? Само себе се рекламираш“;
„На Џастин не му е гајле за тебе“;
„Тажно, мора секогаш да се разголуваш и да бараш внимание“;
„Го искористи Џастин, го прогонуваше и се омажи кога тој беше најнестабилен. Требаше прво да му помогнеш да заздрави“;
„Каде ти е Џастин? Да не се разведувате? Се однесуваш сомнително“ – стои во дел од коментарите.
Исто така, големо внимание привлече и последната фотографија на која Хејли позира во маичка со чевлите во рака. Но, сите забележуваат дека женските сандали што ги држи во рацете се огромни:
„Девојко, кој број чевли носиш... Изгледаат огромни!“
Инаку, претходно во дел од таблоидите имаше написи дека Хејли и Џастин имаат криза во бракот, откако пејачот беше забележан сам како излегува со пријатели во вински бар во Беверли Хилс.
Погледнете уште неколку фотки од Хејли во продолжение:
Прочитајте и Љубовната приказна на Џастин и Хејли Бибер - ја оставил за Селена Гомез, имал зависности како татко ѝ
Б. С. Б. | Црнобело