Џастин Бибер повторно се смее по парализата на лицето - Хејли го бакнува и прегрнува на одмор (фото)
- Детали
- четврток, 07 јули 2022
Минатиот месец познатиот музичар Џастин Бибер ги откажа сите концерти по делумната парализа на лицето, а сега беше забележан како ужива со неговата сопруга Хејли Бибер, конечно со целосна насмевка на лицето.
Ова е за првпат Џастин Бибер (28) да биде забележан со насмевка на лицето по дијагнозата со Ремзи Хант синдромот заради што имаше делумна парализа на лицето.
Џастин во моментов е на одмор заедно со сопругата Хејли Бибер, со неговиот долгогодишен пријател и ментор Ашер, како и другарот Џејсон Кенеди и неговата сопруга Лорен Скрагс.
Инаку, пред 3 недели Џастин објави кратко видео на Инстаграм во кое на своите обожаватели им појасни дека концертите се откажани заради неговата здравствена состојба.
Дополнително во Инстаграм Стори појасни дека заради парализата има тешкотии и со консумирањето храна.
Неговата сопруга Хејли, во гостување рече дека состојбата на Џастин значително се подобрува, но дека е потребно време за напредок.
Сега, 3 недели подоцна, музичарот беше забележан за првпат во јавност со насмевка на лицето, што значи дека медицинскиот третман најверојатно делува и дека пејачот повторно е во топ форма.
Неговата сопруга Хејли на фотографиите го прегрнува и го бакнува, со што уште еднаш потврди дека таа е негова најголема поддршка во тешките мигови додека сѐ уште се бори со болеста.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело