Џастин Бибер: „Мислев дека бракот со Хејли ќе ме излечи емоционално, но не се случи тоа и бев скршен“
- Детали
- четврток, 05 мај 2022
Хејли Бибер: „Се сеќавам дека ѝ се јавував повеќепати на мајка ми во тешки мигови од бракот, плачев и ѝ велев дека јас не го можам ова. И дека нема шанси да успеам во бракот, ако продолжи да биде вака...“
Џастин Бибер (28) неодамна откри дека преживеал мал „емоционален слом“ откако сфатил дека стапувањето во брак со Хејли Бибер не му ги решило сите негови проблеми, а очекувал дека токму тоа ќе биде неговиот лек.
„Справувањето со емоциите е патување. Се сеќавам дека кога се венчав мислев дека бракот ќе поправи сè и не поправи, па бев емоционално скршен.
Но, тогаш сфатив дека сум лицемер, дека сакам сопругата да направи нешто кое што јас не го правам. Понекогаш е тешко да се погледнеш во огледало и да си кажеш дека ти не си личноста што мислеше дека си и дека тоа е резултат од трауми и животни околности“, изјави Џастин во едно неодамнешно интервју.
Џастин и Хејли се 4 години во брак, а парот се соочи со многу предизвици, како што беа здравствените проблеми на Хејли.
Во 2021 година Хејли и отворено проговори дека во тешките мигови од нејзиниот брачен живот ѝ се обраќала на мајка си за совет.
„Се сеќавам дека ѝ се јавував повеќепати во тешки мигови, плачев и ѝ велев дека јас не го можам ова. И дека нема шанси да успеам во бракот, ако продолжи да биде вака. Се сеќавам како таа смирено ми кажа дека ќе помине, дека ќе бидам добра, дека тој ќе биде здрав и дека тие (моите родители) ќе бидат тука за мене.“
Хејли вели дека е среќна што останала со Џастин во тие тешки мигови.
„Тогаш донесов одлука. Знаев дека ја сакам таа личност многу долго време и дека сега не смеам да се откажам од него. Едноставно, не би му го направила тоа.
Замислете да напуштите некого во најтешките мигови од неговиот живот. Jас не сум таков тип на личност, па одлучив да останам со него без разлика каков ќе биде крајниот резултат.“
Џастин покрај психичките кризи, се бори и со балансирање помеѓу приватниот живот и музичката кариера.
Периодов тој работи на својот нов музички албум.
Прочитајте и Хејли Бибер за проблемите со зависност на Џастин: „Знаев да се справам, има многу зависници во моето семејство“
С. С. | Црнобело