Хејли Бибер за кризите во бракот: „Плачев и сакав да се разведам од Џастин – мајка ми ме натера да издржам“

„Ѝ се јавив на мајка ми со плачење и ѝ реков дека не можам да издржам повеќе.“ – открива Хејли (Болдвин) Бибер, која неодамна проговори отворено за кризите во бракот со Џастин заради неговите проблеми со менталното здравје.

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-01.jpg

За бракот на Џастин Бибер (27) и Хејли Болдвин (24) често се пишува во медиумите и најчесто се говори дека има своја токсична страна.

Пејачот во минатото говореше за сопствените проблеми со менталното здравје, а сега неговата сопруга Хејли откри што е она што ја натерало да остане покрај него.

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-02.jpg

Хејли гостуваше во поткастот In Good Faith with Chelsea & Judah Smith и призна дека на почетокот воопшто не било лесно.

„Се сеќавам дека ѝ се јавив на мајка ми неколкупати. Еднаш додека бевме во Бруклин ѝ се јавив со плачење и ѝ реков: ’Не можам повеќе. Нема шанси да издржам ако е вака цел живот‘.

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-07.jpg

Се сеќавам дека таа беше мошне смирена, па ми рече: ’Ќе помине, ќе бидеш добро, тој ќе оздрави и ние сме тука за тебе‘“ – вели Хејли.

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-05.jpg

За потсетување, Хејли е ќерка на актерот Стивен Болдвин и графичката дизајнерка Кенија Болдвин, што значи, мајка ѝ добро знае што значи да се справуваш со притисокот на славата.

Прочитајте и Драматично вирално видео: Џастин Бибер „вреска“ по сопругата Хејли Бибер

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-03.jpg

Сепак, Хејли вели дека поддршката од нејзиното семејство била мошне значајна, но таа самата е заслужна што одлучила да остане покрај Џастин и да се бори за заедничкиот живот.

„Мислам дека јас ја донесов конечната одлука. Знам дека го сакав многу долго време и дека не можев да се откажам од него. Не можев да му го направам тоа“ – вели таа.

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-06.jpg

Во 2019-та година познатиот музичар со канадско потекло почна да оди на терапија за да се справи со депресијата.

„Замислете да напуштите некого во најлошиот период од нивниот живот. Јас не сум таква личност. Па одлучив дека ќе останам без разлика на исходот. Но, беше многу тешко“ – вели таа.

hejli-biber-za-krizite-vo-brakot-sakav-da-se-razvedam-od-djastin-majka-mi-me-ubedi-da-izdrzham-08.jpg

Хејли и Џастин се запознале кога биле тинејџери, а кратко време биле во врска во периодот од 2015-та и 2016-та година, кога таа имала 19 години.

Тие ја обновија врската во 2018-та година и по само неколку месеци забавување одлучија да стапат во брак во септември истата година.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg