И на ѕвездите не им е лесно: Кети Пери и Орландо Блум се кријат од папараци на аеродром (фото)
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
На парот очигледно му е преку глава од константното следење на секој нивен чекор од страна на папараците, па при слетувањето во Сиднеј направија сè што можат за да минат незабележано – нормално, неуспешно! Погледнете ја споредбата реалност vs. Инстаграм...
Животот на ѕвездите изгледа блескаво кога се на црвениот тепих во совршено издание, но како функционираат во секојдневието кога едноставно не им е денот и не сакаат да бидат видени, а папараци упорно ги бркаат?
Кети Пери (37) и Орландо Блум (45) беа фотографирани при слетување на аеродром во Сиднеј, Австралија.
Парот, за кој се верува дека ќе остане околу 3 месеци во Австралија, со себе носеше 13 куфери. Целта на привремената преселба е снимањето на филмот „Wizards!“ во кој глуми Орландо.
Со нив беше и 1-годишната ќерка Дејзи.
По пристигнувањето парот влезе во црн автомобил за да продолжат со приватен џет до нивната точна дестинација.
Со капи на себе и очила за сонце, како и со прекривка врз ќерка си, јасно се гледа дека Кети и Орландо сакаат да минат незабележано од папараците.
Кога ѕвездите се кријат од папараците:
Нови фотки од парот на Инстаграм:
С. С. | Црнобело