Тато Дејвид ги прекрши строгите правила на Викторија за исхраната на Харпер: „Извини мамо, ни се јадеше сладолед“
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
Ако на Викторија Бекам, слабост ѝ е најстариот син Бруклин, и Дејвид има свој миленик меѓу децата, а тоа е нивната 10-годишна ќерка Харпер. Очигледно Викторија сака да постави „правила“ во исхраната на нивната ќерка, но Дејвид е тука за да ги „прекрши“.
Веќе на сите им е јасно дека најголема слабост на славниот фудбалер Дејвид Бекам е неговата ќерка Харпер и очигледно тој не може да ѝ рече „не“, па на шега си призна дека ѝ дозволил да јаде сладолед за појадок.
Дејвид Бекам во моментов е на одмор со неговата најмала ќерка Харпер во Венеција, а на својот Инстаграм профил објави видео со Харпер која носи слатка шапка со зајачки уши и признава дека прекршиле едно од правилата на нејзината мајка.
„Шшшшш не ѝ кажувајте на мама дека во 9 часот наутро јадам сладолед. Создаваме незаборавни спомени заедно“ – напиша тој до видеото.
Дејвид и Харпер заедно се појавија на настан во театарот Ла Фениче во Венеција, а Харпер изгледаше преслатко во фустанот во боите на виножито и спортските патики, комбинирани со нежен накит.
Прочитајте и Бираше девојки што личат на мајка му, велат дека е „мамин син“ – Факти за односот на Бруклин и Викторија Бекам
Погледнете повеќе фотки од тато Дејвид и Харпер во Италија:
Б. С. Б. | Црнобело