Бираше девојки што личат на мајка му, велат дека е „мамин син“ – Факти за односот на Бруклин и Викторија Бекам
- Детали
- сабота, 09 април 2022
За него велат дека е мамин син кој ги бирал девојките за да наликуваат на мајка му, познато е дека со некои девојки раскинал затоа што на Викторија не ѝ се допаѓале, а таа вели дека до 13 години криела од него колку се богати. Факти за односот на Бруклин и Викторија Бекам.
Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин (23) конечно ќе стапи во брак со својата свршеница Никола Пелц (27), а низ годините во медиумите често привлекуваше внимание заради блискиот однос со неговата славна мајка.
Се знае дека Викторија иако е успешна бизнис-жена таа самата ги израсна и ги воспитуваше сопствените 4 деца, а за односот со синот Бруклин се пишувало во повеќе наврати.
Од бивши девојки што наликуваат на неговата мајка, до состаноци и излегувања со мајка му, Бруклин отсекогаш важел за мамин син.
Да погледнеме неколку факти во продолжение за нивниот однос:
Бруклин имаше интервју за магазинот GQ каде кажа дека се плашел да оди во училиште во САД и да ја остави мајка му. Мошне му било тешко заради тоа што чувствувал дека ја остава сама, кога заминал на студии во Њујорк.
На Викторија воопшто не ѝ се допаѓаше тоа што Бруклин го биеше глас дека е заводник, затоа што само во 2019-та година за него кружеа гласини дека бил во врска со три различни девојки.
Во 2019-та година, Бруклин беше во врска со манекенката Хана Крос, за која медиумите пишуваа дека премногу наликува на неговата мајка. Дополнително, Хана често го копираше модниот стил на неговата мајка.
Се знае дека на Викторија Бекам не ѝ се допаѓала Хана Крос, не заради тоа што премногу наликува на неа, туку поради јавните расправии и кавги.
На еден добротворен настан Викторија отиде во придружба на нејзиниот син, а особено внимание привлече фотографијата на која се гледа како таа му ја врзува вратоврската, што голем број фанови ја означија како непристојна.
По Хана, во 2019-та година Бруклин бил во врска со Фиби Торенс, манекенка која во минатото била имитаторка на Викторија Бекам.
Пред нив, најстариот син на Викторија и на Дејвид, 4 години беше во врска со Клои Грејс Морец, а откако раскина со неа, беше во врска и со Рита Ора која не успеа да ги освои симпатиите на поранешната членка на Spice Girls.
Виктoрија во една прилика рече дека до негови 13 години Бруклин воопшто не знаел дека неговите родители се мошне познати. Додека работеле и успешно ги граделе своите кариери Викторија и Дејвид се обидувале секогаш еден од нив да биде со децата.
Б. С. Б. | Црнобело