Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн

„Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од подарокот што му го купила на Дејвид за Валентајн. Тој, пак, со фотка со страстен бакнеж покажа како изгледа да си ја сакаш сопругата и по 25 години брак.

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-01.jpg

Викторија и Дејвид Бекам важат за еден од најскладните парови во светот на славните и не ја кријат љубовта што ја имаат еден за друг, а за нив празникот на вљубените е нешто посебно.

Викторија одлучи денот да го одбележи со нивни стари фотки на кои разменуваат бакнежи, а тој ѝ упати посебна порака.

Дејвид објави фотка на Инстаграм на која се гледа страсниот бакнеж што тој и сопругата го размениле на зајдисонце и до неа напиша:

„Среќен Валентајн на оваа прекрасна сопруга, мајка и најдобар другар. Те сакам, мислам, само ми се допаѓаш“.

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-02.jpg

Викторија, пак, откри дека утрово имала мала незгода и мора да става мраз на ногата затоа што се повредила додека вежбала во теретана, но откри и каков подарок му купила на „сопругот што има сѐ“.

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-04.jpg

На фотката се гледа дека таа му купила списание за фармери, што ќе му се најде на Дејвид, ако се земе предвид дека за Божиќ минатата година таа му купи кокошарник со кокошки и петел.

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-03.jpg

Освен тоа, некогашната членка на Spice Girls и модна креаторка сподели и повеќе фотки од младоста на која се заедно со Дејвид.

„Вие сте нашиот омилен пар“;

„Вљубени сме во вашата љубов“;

„Најубавите вљубени птички на интернет“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете дел од фотките што Викторија ги објави на Инстаграм:

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-09.jpg

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-08.jpg

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-07.jpg

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-06.jpg

decata-treba-da-uchat-od-niv-viktorija-i-dejvid-i-po-25-godini-brak-vljubeni-na-valentajn-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg