Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува банкрот?

Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријави профит дури во 2022-ра, и тоа во износ од само 200.000 долари. Како модната дизајнерка ја спасуваше фирмата од банкрот повеќе од една деценија?

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-01.jpg

Викторија Бекам ја почна кариерата како пејачка со групата Spice Girls, потоа се пренасочи во модната индустрија и денес е позната како дизајнерка.

Но, знаевте ли дека цели 15 години, таа немаше никаков профит од модниот бренд и всушност имаше долг од над 40 милиони долари?

Викторија го лансира својот бренд во 2008 година, а првпат имаше профит дури во 2022-ра, и тоа од едвај 200.000 долари.

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-15.JPG

Секако, оваа сума не е занемарлива за мал бизнис.

Но, Викторија нема „маалска“ продавница за облека, туку дизајнерски парчиња кои се продаваат по цена како врвните модни брендови.

Притоа, нејзината облека ја носат ѕвезди како Кејт Мидлтон, Лејди Гага и Џеј Ло и не е наменета за „обични луѓе“.

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-14.JPG

Па, како Викторија ја спасуваше неуспешната модна империја пред да заработи нешто?

Како што спомнавме, Викторија Бекам го лансира својот бренд во 2008 година, кога одржа и модна ревија во хотел во Њујорк.

На ревијата присуствуваа само модни новинари, а Викторија претстави 10 фустани дизајнирани од неа.

Иако доби релативно добри критики, ова, очигледно, не било доволно за брендот да стане профитабилен.

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-03.JPG

Трошоците за брендот биле огромни, па во 2011-та, иако Викторија заработила околу 15 милиони долари, сепак била во минус.

До 2015-та, Викторија заработувала и до 34 милиони долари годишно, но имала уште поголеми трошоци и профитот сè уште бил далечен сон.

Тогаш почнал и особено тежок период за дизајнерката.

Во 2017 година зела наем од 30 милиони долари, но ни ова не ѝ помогнало и, на крај, повторно била во минус.

Следната година, пријавила загуби од над 12 милиони долари, а во 2019-та – загуба од над 16,5 милиони долари.

Со ова, брендот на Викторија 11 години по ред имал само загуба.

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-2.JPG

Но, тогаш истапил Дејвид Бекам, кој ѝ дал околу 23 милиони на Викторија за да ја „извади од калта“.

А, ова не било првпат Викторија да зема при од сопругот за да може да продолжи со бизнисот – покрај 23-те милиони, низ годините тој ѝ дал милиони долари, само за да не мора да ја затвори фирмата.

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-05.JPG

До 2021 година, брендот на Викторија имал долг од 46 милиони години.

Па, ревизорите се сомневале во способноста на Викторија да продолжи да ја води фирмата и да не банкротира.

dolg-od-nad-40-milioni-dejvid-pozajmuva-pari-kako-modniot-brend-na-viktorija-bekam-izbegnuva-bankrot-17.JPG

Но, веќе следната година, на дизајнерката ѝ се насмевна среќата и во 2022-ра, скоро 15 години од лансирањето на фирмата, таа конечно забележала профит од 200.000 долари.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg