Диџејот Калвин Харис на одмор на Ибица со саканата - страсни бакнежи, таа во топлес издание (фото)
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
Еден од најдоброплатените диџеи на светот не ги трга рацете од својата сакана на плажа на Ибица. По девојки од типот на пејачката Тејлор Свифт и супермоделот Ерика Волф, неговото срце го освои британска презентерка и новинарка...
Шкотскиот диџеј и продуцент Адам Ричард Вајлс, познат како Калвин Харис (38), е еден од најдоброплатените диџеи на светот и се смета за икона на електронската музика.
Тој продуцира хитови за ѕвезди од типот на Ријана, како што е нејзината „We found love“.
Периодов тој со својата свршеница Вик Хоуп ужива на одмор на Ибица. Вик е позната британска ТВ и радио презентерка, новинарка и авторка.
Калвин Харис не ги трга рацете од својата сакана на папарацо фотките, која уживаше сончајќи се во топлес издание и со полутанга бикини.
Според извор близок до диџејот, тој ја запросил својата сакана под неговото омилено дрво на фармата „Terra Masia“, што ја поседува на Ибица, но парот јавно ја нема потврдено свршувачката.
Наводно планираат и свадбата да биде на Ибица.
Во нивната врска сè се одвива брзо, затоа што Харис се раздели со неговата поранешна девојкa супермодел Ерика Волф на почетокот од оваа година по 4 години врска.
Тој се има состанувано со низа познати убавици, меѓу кои и пејачката Тејлор Свифт.
Повеќе фотографии од Калвин Харис со неговата свршеница:
С. С. | Црнобело