Ким Кардашијан на одмор со дечкото – никогаш не била послаба, а ја критикуваат дека го уништила фустанот на Мерилин Монро
- Детали
- вторник, 14 јуни 2022
Ким Кардашијан деновиве е на одмор со нејзиното момче Пит Дејвидсон, а во меѓувреме на социјалните мрежи ријалити ѕвездата повторно се најде на удар. Овојпат ја обвинуваат дека го уништила најскапиот фустан на светот.
Ким Кардашијан (41) на Мет Галата се појави во издание за кое долго се говори. Таа го облече познатиот фустан на Мерилин Монро во кој актерката му ја отпеа песната „Happy birthday“ на тогашниот претседател Џон Кенеди.
Скандалозниот фустан, слично како и во 1962-та година, повторно со денови беше топ тема во јавноста.
На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледа како изгледал патентот на фустанот на Мерилин Монро пред Мет Галата, а како изгледа откако Ким Кардашијан го облекла за црвениот тепих.
Според фановите на Мерилин Монро, материјалот на фустанот значително е истегнат околу рабовите, а забележително е дека недостасуваат и неколку кристали.
Marilyn Monroe’s iconic dress has reportedly been damaged after being worn by Kim Kardashian at the Met Gala.
The dress now shows signs of tearing, and several crystals are either missing or hanging off of it. pic.twitter.com/cFu1lUBmzS-->— Pop Crave (@PopCrave) June 13, 2022
Фустанот што во 2016-та година бил продаден на аукција по цена од 4,8 милиони долари, денес се наоѓа во музејот Ripley’s Believe It Or Not, како најскап фустан што некогаш бил продаден на аукција.
За потсетување, Ким објави видео во кое се гледа дека едвај влегува во фустанот пред Мет Галата, а потоа призна дека цел месец држела диета за да ослабе и го носела само неколку минути за да се фотографира на црвениот тепих, по што облекла идентична реплика.
https://twitter.com/her_khumalo/status/1521720855264473088
Прочитајте и Ким открива детали за фустанот на Мерилин Монро: „Бев на строга диета за да влезам во него, а го носев само неколку минути“
Инаку, додека социјалните мрежи „вријат“ од критики дека таа го уништила легендарниот фустан, Ким е на одмор со нејзиното 13 години помладо момче.
Таа објави повеќе фотографии на Инстаграм на кои ја покажа извајаната фигура, но и на една од фотографиите се гледа како страсно го бакнува своето момче.
Погледнете ги фотографиите во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело