„Барав принц, но ми била потребна принцеза“ - Ребел Вилсон ја претстави девојка си, по пропаднатите врски со мажи
- Детали
- понеделник, 13 јуни 2022
Во 2020-та и 2021-ва година имаше претпоставки за две врски на Ребел Вилсон. Таа се појави и на црвениот тепих со нејзините тогашни партнери, но сега откри дека ѝ било потребно нешто друго и пред светот ја претстави својата девојка.
Ребел Вилсон (42) официјално го запозна светот со нејзината девојка, односно јавно потврди дека е во врска со жена по име Рамона Агрум и ја нарече своја Дизниева принцеза.
Ребел со години се бореше да го пронајде вистинскиот партнер, но сега изјави дека грешела кога барала принц, затоа што очигледно ѝ била потребна принцеза.
Актерката, која драстично ослабе, е во врска со Рамона, сопственичка на еко-френдли моден бренд, која има дипломирано право.
Ребел во една пригода говореше како се борела да пронајде љубов на почетокот од нејзината актерска кариера, поради несигурностите околу телото и чувствувала дека никој не е заинтересиран да се состанува со неа.
Прво јавно појавување на Ребел со нејзината девојка беше на оскаровската забава на магазинот „Vanity Fair“. Рамона живее во Лос Анџелес, Калифорнија и двете имаат заеднички фотографии, но јавноста претпоставуваше дека се пријателки.
Еден од неодамнешните партнери на Ребел Вилсон, беше бизнисменот Џејкоб Буш, со кого се појави на црвениот тепих во септември 2020 година, но раскинаа во февруари 2021.
Потоа имаше гласини дека е во врска со австралисткиот тениски играч Мет Рид со кого се појави на црвениот тепих во 2021 година, иако врската никогаш не ја потврдија.
Ребел Вилсон со партнерката:
С. С. | Црнобело