Џорџина Родригез во ретко несредено издание – со растурена фризура и опуштен стомак по бременоста (фото)
- Детали
- среда, 15 јуни 2022
И Џорџина Родригез има опуштен стомак по бременоста кога ќе ја фотографираат од „лош“ агол, а и нејзе може да ѝ се случи фризурата да не ѝ биде средена по цел ден поминат на плажа со петте деца. Погледнете како изгледа Џорџина во природно издание, на фотката што ја објави Роналдо.
Светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо (37) и неговата партнерка Џорџина Родригез (28) објавија нови фотографии на социјалните мрежи со кои покажаа дека го користат слободното време за семеен одмор, заедно со петте деца.
Џорџина на нејзиниот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии на кои може да се види како поголемите деца се радуваат на најновиот член во семејството, ќеркичката Бела Есмералда, додека со приватниот авион на фудбалерот патуваат на одмор.
„Мојот живот“ – напиша Џорџина кратко до фотографиите.
На фотографиите што Џорџина ги објави, моделот е со средена фризура, фотографирана од добар агол и во „најдобро светло“, па личи дека нејзиното тело е совршено и воопшто не се забележува дека пред само два месеца се породи.
Прочитајте и Џорџина отпатува во Кан со приватниот авион на Роналдо – во секси тоалета, еден месец по породувањето (фото)
Сепак, Роналдо на својот профил објави друга фотографија на која може да ја видиме Џорџина во поинакво светло, со растурена фризура, а под масата ѕирка опуштеното стомаче.
Тоа е само уште еден доказ колку се важни светлината, аголот и добрата поза за совршените фотографии на Инстаграм.
Погледнете повеќе фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело