Збогум музичари и режисери – Бела Хадид е вљубена „до уши“ во згоден каубој (видео)
- Детали
- вторник, 20 февруари 2024
„Ова е мојот Валентин“ – Бела Хадид конечно го покажа згодниот каубој со кого ја криела врската со месеци, а е сосема поразличен од мажите со кои сме навикнати да ја гледаме.
По раскинувањето со режисерот Марк Калман, Бела Хадид се трудеше максимално да ги скрие деталите од својот љубовен живот.
Па, сите беа изненадени кога за Денот на вљубените таа откри дека веќе неколку месеци е лудо вљубена во нејзиниот каубој со мексиканско потекло.
За Денот на вљубените, Бела објави фотки со коњ чијашто грива е декорирана со цветови, за кратко потоа да открие дека нејзиното срце му припаѓа на згодниот џокеј Адан Бануелос.
Таа на Инстаграм Стори објави фотографија на која стои до металната ограда зад која Адан е качен на коњ. Потоа објави и серија фотки од нејзиниот роденден на 23-ти октомври минатата година, каде што е вметнато и видео во кое страсно се бакнува со новиот дечко.
„Мојот Валентин“ – напиша таа на фотката на Стори.
Инаку, Адан е мошне познат каубој и тренер на коњи. Тој е роден и пораснал во Тексас, САД, а по потекло е од Мексико.
Тој е еден од најпознатите џокеи во САД и досега освоил повеќе награди. Исто така, уште како дете почнал да се занимава со тренирање и дресура на коњи, а се верува дека со Бела ги спојува огромната љубов кон овие животни.
За потсетување, Бела јавала коњи уште кога била малечка, а потоа еден период морала да направи пауза заради лајмската болест.
Нејзиниот дечко живее во Тексас каде има своја програма за тренинг на коњи и јавачи.
За потсетување, претходно Бела беше во врска со музичарот The Weeknd, а потоа и со режисерот Марк Калман.
Очигледно е дека Адан е целосно поразличен од мажите со кои сме навикнати да ја гледаме, а според дел од светските медиуми, манекенката никогаш не била посреќна во животот.
Прочитајте и Бела Хадид покажа како изгледа тешката борба со лајмската болест, која се добива од убод од крлеж
Б. С. Б. | Црнобело